ИФИМЕС: СРБИЈА Е ВОДЕЧКА РЕГИОНАЛНА ЕКОНОМИЈА, кој е клучот за економскиот подем на Србија?

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана во најновата анализа насловена „Која е тајната на економскиот подем на Србија?“ наведува дека Србија е водечка економија на Западен Балкан, што е резултат не на еден, туку на неколку параметри. Како што беше истакнато, клучот за економскиот подем на Србија се огледува во комбинацијата од политичка стабилност, пристап кон стратешко планирање на развојот, активна политика за привлекување инвестиции, интензивни инвестиции во инфраструктурата и континуирано подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Според достапните индикатори, во текот на изминатата деценија, Србија постигна еден од најдинамичните економски раст меѓу земјите од Западен Балкан, со што ја зајакна позицијата на водечка регионална економија според голем број клучни индикатори за развој, се истакнува во анализата.

Еден од клучните двигатели на таков развој е успешната политика на привлекување странски директни инвестиции, како и интензивниот циклус на инфраструктурен развој.

„Податоците за растот на просечната нето плата од 366 на 1.036 евра, зголемувањето на просечните пензии од 204 на 484 евра, како и растот на минималната плата од 153 на 541 евро, се конкретни индикатори за длабоката економска трансформација што ја одбележа претходната деценија“, се наведува во анализата.

Србија, како што е посочено, во последната деценија разви модел на развој во кој државата игра активна и стратешка улога во насочувањето на економските процеси. „Економскиот подем на Србија има и поширока регионална димензија. Како најголема економија на Западен Балкан, Србија има потенцијал да стане еден од клучните двигатели на регионалната економска интеграција, инфраструктурното поврзување и одржливиот развој, се нагласува во анализата.

Подобрувањето на инфраструктурното поврзување на Белград со Сараево, Загреб, Скопје, Подгорица, Тирана и други регионални центри, што е меѓу политичките приоритети на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, може значително да придонесе за создавање интегриран регионален пазар. Таквиот пазар, благодарение на својата големина, функционална поврзаност и развоен потенцијал, би бил значително попривлечен за глобалните инвеститори во споредба со поединечните национални економии на Западен Балкан“, наведува ИФИМЕС, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано