Водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешехерија или други бактерии, нагласи денеска на прес-конференција скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Тврди дека станува збор за ширење злонамерни дезинформации и создавање хистерија. Тој најави одговорност за оние кои со тоа ја вознемируваат јавноста и предиздивикуваат паника кај наслението. Не исклучува зад тоа да стојат и обиди за политичко профитерство од одредени структури.
Градоначалникот Ѓорѓиевски на самата прес-конференција испи чаша вода од скопскиот водовоод за да им докаже на граѓаните дека водата од чешмите во Скопје е безбедна за пиење.
Посочи дека надлежните служби постојано вршат анализи кои покажуваат дека водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.
извор МИА








