Цените на становите во Европската Унија се зголемија за 5,1 процент во првиот квартал од 2026 година, додека цените за изнајмување се зголемија за три проценти во споредба со првиот квартал од 2025 година.
Во споредба со четвртиот квартал од 2025 година, цените на становите се зголемија за 1,2 проценти, а цените за изнајмување за 0,7 проценти, објави Европската канцеларија за статистика, Евростат.
Цените на становите во ЕУ се зголемија за 2,9 проценти, а цените за изнајмување за 1,8 проценти во периодот помеѓу 2025 и првиот квартал од 2026 година.
Кога станува збор за националните податоци, споредувајќи го првиот квартал од 2026 година со годишниот просек за 2025 година, најголем раст на цените на становите е забележан во Португалија (+10,3 проценти), Бугарија (+9,4 проценти) и Словачка (+9,1 процент). Франција (-0,5 проценти) и Финска (-1,8 проценти) беа единствените земји каде што цените на куќите паднаа.
Во истиот период, цените за изнајмување се зголемија во сите земји од ЕУ, освен во Словенија, каде што паднаа за 0,9 проценти и Финска, каде што останаа непроменети. Меѓу другите земји од ЕУ, најголем раст е забележан во Хрватска (+21,9 проценти), по што следат Бугарија (+6,4) и Грција (+5,0 проценти).
Фото Економија и бизнис








