Јавниот долг во еврозоната се искачи на 88,8 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на крајот од вториот квартал од 2026 година, од 88,4 проценти на крајот од првиот квартал, додека во Европската Унија се зголеми од 82,5 на 82,9 проценти, објави денес Евростат.
Во споредба со вториот квартал од 2025 година, учеството на јавниот долг во БДП се зголеми од 87,3 на 88,8 проценти во еврозоната, а во ЕУ од 81,4 на 82,9 проценти.
Грција имаше највисок сооднос на јавниот долг со БДП меѓу членките на Европската Унија на крајот од вториот квартал од 2026 година, 140,8 проценти, пред Италија со 139,9 проценти, Франција 119,1 процент, Белгија 110,2 проценти и Шпанија со 101,4 проценти.
Спротивно на тоа, најнизок удел на јавниот долг е забележан во Естонија, 26,1 процент од БДП, Данска, 27,1 процент, Луксембург, 28,2 проценти и Бугарија, 28,7 проценти.
На годишно ниво, уделот на јавниот долг се зголеми во 18 земји-членки на ЕУ, а се намали во девет.
Полска имаше најголем раст на долгот во однос на БДП, 6,7 процентни поени, по што следуваат Литванија, 4,9 проценти, Белгија, 3,8 проценти и Франција, за 3,7 проценти.
Најголем пад на долгот во однос на бруто домашниот производ е забележан во Грција, за 11,2 процентни поени, и на Кипар, за 9,5 проценти, наведува Евростат, пренесуваат Независне новине.
Фото Економија и бизнис








