ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА ЌЕ РАСТЕ СО РЕЛАТИВНО СКРОМНО ТЕМПО, очекува ЕЦБ

Европската централна банка (ЕЦБ) очекува економијата на еврозоната да продолжи да расте во наредните години, но со релативно скромно темпо, додека инфлацијата треба постепено да забави по забрзувањето во 2026 година, според извештајот објавен денес од членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Филип Р. Лејн.

Според септемвриските проекции на банката, реалниот БДП во еврозоната треба да порасне за 0,9 проценти во 2026 година, по растот од 1,3 проценти во 2025 година.

Потоа, растот треба да се забрза на 1,4 проценти во 2027 година и 1,5 проценти во 2028 година, се наведува во извештајот.

Инфлацијата, мерена според Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), треба да се зголеми од 2,1 процент во 2025 година на три проценти во 2026 година, по што банката предвидува забавување на 2,5 проценти во 2027 година и 2,1 процент во 2028 година.

Најголемиот придонес за забрзувањето на инфлацијата во 2026 година треба да дојде од енергетските производи, чии цени би можеле да бидат дури 9,3 проценти повисоки од претходната година, по што ќе следи нагло забавување на еден процент во 2027 година.

Се очекува основната инфлација, која ги исклучува енергијата и храната, да остане релативно стабилна помеѓу 2,4 и 2,6 проценти во периодот до 2028 година.

Стапката на невработеност во Еврозоната треба постепено да се намалува од 6,3 проценти во 2025 година на 5,9 проценти во 2028 година.

Во исто време, растот на надоместокот по вработен треба да се забави од 3,8 проценти во 2025 година на 3,3 проценти во 2028 година, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано