Европа е регионот најизложен на последиците од војната меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, кога станува збор за снабдување со енергија, и покрај мерките што се обидува да обезбеди доволно гориво за авиони за непречен тек на воздушниот сообраќај.
Европските земји во последните недели го зголемија увозот на гориво за авиони од САД и Азија, како и производството во домашните рафинерии и ги искористија постојните залихи за да ги снабдуваат аеродромите.
Сепак, Европа останува особено ранлива поради долгорочното намалување на бројот на рафинерии, што ја прави позависна од другите големи региони од резервите од Блискиот Исток што минуваат низ Ормуската Теснина.
Велика Британија, Франција и Германија се особено изложени, според Ројтерс, повикувајќи се на податоци од консултантската куќа „Енерџи аспектс“.
Според проценките на компанијата, Европа би можела да има недостиг од речиси 600.000 барели нафта дневно во третиот квартал од оваа година.
Анализата на Ројтерс покажува дека европските залихи покриваат помалку од 30 дена побарувачка, што е најниско ниво меѓу главните пазари на гориво за авиони.
За споредба, САД имаат суфицит од околу 116.000 барели дневно, додека Азиско-пацифичкиот регион има суфицит проценет на околу 425.000 барели дневно, пренесува Н1.
Фото Економија и бизнис








