ЕКСПЕРТИ ОД СКОПСКИ „ВОДОВОД“ ЈА ПРОЧИСТУВААТ ВОДАТА ВО ГОСТИВАР

Емилија Јанеска која е дел од лабораториско – експертски тим и доаѓа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на прес-конференцијата на кризниот штаб во Гостивар даде стручно појаснување за текот на испитувањата на водата од гостиварскиот водовод. Таа посочи дека пред два дена биле земени 9 примероци, од кои 3 примероци биле земени од самите каптажи за да се види квалитетот на водата.

Јанеска рече кажа дека шесте примероци земени од повеќе локации низ Општина Гостивар покажале хемиска неисправност, односно имало отстапување во однос на резидуалниот хлор.

– Во поглед на микробиолошка неисправност, забележано е отстапување кај сите примероци, што се должи на недоволниот процес на дезинфекција, рече Јанеска.

По извршените консултации со колегите од Секторот за експлоатација и одржување при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во текот на денешниот ден преземни се конкретни чекори.

– Заменет е типот на хлоринаторот кај каптажата. Започнато е хлорирање со повисока доза на хлор, што е во согласност со Правилникот за безбедност на вода за пиење предвиден за вакви кризни состојби. Оваа концентрација е малку повисока од вообичаената, но е потполно безбедна, рече Јанеска.

Таа посочи дека како претставник на акредитирана лабораторија ќе продолжат во текот на следните денови континуирано да земаат примероци од истите локации за да се има увид резултатите.

– Сè додека не констатираме дека водата е целосно исправна за пиење, ќе продолжиме со овој процес. Во оној момент кога водата ќе биде санитарно и безбедносно исправна за пиење, веднаш ќе биде известен Кризниот штаб. 


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано