ЕКОНОМИЈАТА НА ЕУ СЕ ЗАБРЗУВА ПО СЛАБИОТ ПОЧЕТОК НА ГОДИНАТА

Економијата на еврозоната се врати на раст во вториот квартал од 2026 година, додека економијата на Европската Унија забележа нешто посилна експанзија. Во исто време, бројот на вработени порасна за скромни 0,1 процент, според прелиминарните податоци на Евростат.

Сезонски прилагодениот бруто домашен производ на еврозоната порасна за 0,4 проценти во споредба со првиот квартал, додека на ниво на целата Европска Унија е забележан раст од 0,5 проценти, објави статистичката служба на ЕУ.

Податоците укажуваат на забрзување на европската економија по слабиот почеток на годината. Во првиот квартал од 2026 година, БДП на еврозоната стагнираше, додека економијата на ЕУ порасна само за 0,1 процент.

Годишниот раст на еврозоната се забрза на еден процент.

Во споредба со вториот квартал од минатата година, БДП на еврозоната порасна за еден процент, а на Европската Унија за 1,2 проценти.

Ова претставува забележително забрзување, бидејќи во првиот квартал годишниот раст беше 0,5 проценти во Еврозоната и 0,8 проценти во ЕУ.

Економијата на САД во вториот квартал порасна за 0,4 проценти во споредба со претходните три месеци, по растот од 0,5 проценти во првиот квартал.

На годишна основа, БДП на САД се зголеми за 2,1 процент. Растот сепак беше значително посилен отколку во Европа, но забави од 2,7 проценти во претходниот квартал.

Вработеноста расте многу побавно од економијата

Бројот на вработени во Еврозоната и ЕУ се зголеми за по 0,1 процент во споредба со првиот квартал, пренесува Инвеститор.ме.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано