ДОЛГОВИТЕ НА ФРАНЦИЈА ГО СЛАБЕАТ ЕВРОТО, европската валута паѓа во однос на доларот четврта недела по ред

Еврото паѓа во однос на доларот четврта недела по ред, а најголемата причина за ова се должничките проблеми на Франција.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, порасна за 0,3 проценти минатата недела на 102,23 поени, близу до највисокото ниво за 17 месеци.

Доларот зајакна за 0,5 проценти во однос на европската валута, со што еврото се спушти на 1,1200 долари, пред да падне на 1,1161 долари, најниското ниво за 17 месеци.

Американската валута, исто така, зајакна во однос на јапонскиот јен, за 0,3 проценти, на 158,30 јени.

Растот на индексот на доларот четврта недела по ред е резултат на очекувањата дека американската централна банка дополнително ќе ги зголеми каматните стапки до крајот на годината, откако ги зголеми за 0,25 процентни поени во септември.

Забавувањето на економскиот раст, зголемувањето на јавниот долг и политичката нестабилност ја поткопуваат довербата на инвеститорите во Франција. Владата без парламентарно мнозинство сега мора да усвои буџет што треба да ги убеди финансиските пазари дека властите се способни да ги стабилизираат јавните финансии, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано