Вредноста на директните инвестиции од Словенија во Србија достигна 2,2 милијарди евра на крајот на јуни, што ја прави Србија втор најголем инвестициски пазар на Словенија, по Хрватска, според анализата објавена денес.
Словенечките компании сè повеќе развиваат производствени капацитети во Србија, а нивните главни мотиви се пониските деловни трошоци и побрзите административни процедури, објави словенечкиот весник „Дело“.
Околу половина од словенечките директни инвестиции во Србија се однесуваат на финансискиот и осигурителниот сектор.
Најголемиот словенечки инвеститор е Нова Љубљанска банка (НЛБ), чија вкупна вредност на инвестициите во Србија се проценува на околу 900 милиони евра.
Во 2020 година, НЛБ плати 395 милиони евра за 83 проценти од Комерцијална банка, потсетува словенечкиот весник.
Меѓу главните словенечки инвеститори се компаниите „Петрол“, „Триглав“, „Дон Дон“, „Перутнина Птуј“, „Колектор“ и „Импол“, додека „Горење“, кое сега е во сопственост на кинеската компанија „Хисенсе“, разви производствен центар во Ваљево.
Фото Економија и бизнис








