ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ НОВИ 1.000 ПАЦИЕНТИ СО РАК НА ДОЈКА, 7.000 заболени се на активен третман

Илјада пациенти со канцер на дојката се дијагностицирани минатата година и во овој момент на активен третман на Клиниката за радиотерапија и онкологија се 7.000 заболени – истакнаа на Зружението „Хема-онко“ на настанот, што го организираа денеска на Клиниката, а е посветен на пациентите, здравствените работници и на заедничкото градење подобра и посеопфатна онколошка грижа, со наслон „Појадок со ‘Хема-онко’“.

Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, изјави дека минатата година се воведени нови лекови за болните од канцер, конкретно за канцерот на дојката, го зголемивме бројот на пациенти што се третирани со специфичен третман.

– Почнавме нешто делумно да функционира, односно дисперзијата да функционира делумно како консултативно-специјалистичка дејност во Градската општа болница „8 Септември“. Продолжуваме понатаму и годинава, се надеваме и следната, онколог од Скопје ќе оди во Клиничката болница во Битола. Тоа е она што можеме да го направиме за доброто на пациентите и за делумно растоварување на метежот во Клиниката. Понекогаш терапијата може да доцни минимално заради дистрибутивните недостатоци. Во врска со идејата во времето на претходниот министер за здравство за тригодишна набавка за дел од терапиите, рече дека работат и дека најверојатно тоа да можат да го направат во следната јавна набавка за 2027 година, рече проф-д-р Стојковски.

На прашање колку чекаат пациентите кога ќе дојдат да примат терапија со оглед на тоа дека на социјалните мрежи пациенти постојано реагираат дека ќе дојдат изутрина на Клиниката, а ќе завршат попладне со терапијата, тој рече дека тоа зависи од терапијата и дека различни терапии различна должина имаат.

Во врска со тоа што со години се говори за процес на дисперзија (децентрализација) на онколошката терапија во Градската општа болница „8 Септември“, Битола и во Штип, тој посочува дека планирано е дисперзијата да е во неколку фази.

– Почна првата фаза, тоа е специјалистичко-консултативна дејност. Се надеваме дека во наредната година ќе почне значи и дневна болница да функционира, значи неколку фази е. Тоа зависи од инфраструктурата на болниците. Примарно е безбедноста на пациентите да биде соодветна, значи тоа подразбира покрај кадар и инфраструктура соодветна, значи да може терапијата да се прима безбедно. Дека е проблем – да, постои, значи и сами можете да видите, истакна проф.д-р Стојковски.

– Во однос на институционалната статистика, минатата година некаде ја завршивме со 5.300 нови пациенти од различни локализации. Во принцип расте бројот, значи по 200 до 300 пациенти плус годишно новорегистрирани. А во однос на преваленцата, пациенти што барем еднаш се јавуваат на Клиниката во текот на една календарска година, некаде зборуваме за број околу 20.000 на годишно ниво. Имаме и колега од Harvard Medical School, значи онколог е, денеска е во посета на Клиниката. Поводот е исто – канцерот на дојка, значи се надеваме на соработка во едукацијата на помладите колеги, додаде проф.д-р Стојковски

Во врска со децентрализацијата, Ана Марјановиќ од Здружението рече дека како здружение инсистирале тоа да биде направено на начин на кој пред сѐ ќе има сигурна терапија за пациентите и услови во кои ќе ја примаат редовно, навремено и во атмосфера што ја заслужуваат.

– Не е поентата само да се прима терапијата, туку навистина да обезбедиме дека секој пациент кој нема да биде на Клиниката за онкологија, да ја прима безбедно оваа терапија. Како пациенти најмногу знаеме колку е притисокот на Клиниката на онкологија, и тоа е и поради фактот што имаат недостиг на персонал кој се обидуваат да го надокнадат од една страна, а од друга страна е – поради големиот број експерти во однос на лекувањето, посебно за дојка, пациентите надвор од градовите сакаат тоа да биде направено на Клиниката на онкологија. Од таа причина, веќе со Министерството за здравство ние имаме доставено неколку барања и сега веќе отпочнуваме еден процес, истакна Марјановиќ.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано