Делегација на Групата за пријателство Франција во посета на Македонија

Делегација на Групата за пријателство Франција – Балкан при Сенатот на Француската Република ќе престојува во посета на Северна Македонија во четврток и петок, 24 и 25 септември 2026 година.

Делегацијата, предводена од г-ѓа Марта де Сидрак, претседателка на Групата за пријателство, ја сочинуваат и г. Арно Базен, претседател-надлежен за Република Северна Македонија, како и сенаторите г. Ален Милон и г-ѓа Лоранс Арибе.

Во четврток, 24 септември, сенаторите ќе бидат примени од г. Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Потоа ќе разговараат со членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, по што ќе го посетат Францускиот институт во Скопје.

Во петок, 25 септември, делегацијата ќе го посети Француското интернационално училиште во Скопје, каде што ќе се сретне со учениците.

Потоа ќе учествува на средба со пратениците од Националниот совет за евроинтеграции.

Сенаторите ќе бидат примени и на средба кај г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Република Северна Македонија.

Посетата ќе заврши со оддавање почит на Француските воени гробишта во Скопје, каде што делегацијата ќе положи венец во спомен на француските војници кои загинале на Источниот фронт.

Оваа посета е израз на квалитетот и динамичноста на парламентарните односи меѓу Франција и Северна Македонија. Таа ќе овозможи разгледување на перспективите за билатерална соработка, како и на процесот на европска интеграција на Северна Македонија, кој Франција го поддржува.

Повеќе од истиот автор

Најчитано