Бизнис патувања во функција на економски и општествен придонес

Бранко Азески за Економија и бизнис

Моето прво бизнис-патување беше во октомври 1990 година во Бангкок, во Сингапур и во Хонгконг.

Имав чест да го посетам Далечниот Исток, да летам од Франкфурт кој беше прогласен за најфреквентен аеродром за кој и денеска важи дека е центар на европскиот авиотранспорт. Летав со најновиот модел на боинг 474-400, кој тогаш беше чудо на технологијата. Со мене беше и техничкиот директор, Ацо Поповски, денешен член на УО на Стопанската комора, претседател на Здружението за металургија при СКСМ и сопственик на фирмата „Железник“ АД од Демир Хисар. Тоа патување за мене беше влегување на вратата на новиот свет бидејќи сè што видов, сè што договорив беше врв на тогашната технологија, за пазар десет пати поголем од денешниот бидејќи имавме ексклузивно право да продаваме на целата територија на тогашната СФРЈ.

Посетата беше заради набавка на стока во расклопена состојба која се склопуваше во нашиот погон во Охрид. Се работеше за производи на Самсунг, на Сони и на други производители кои работат со од Далечниот Исток.

На лице место ја видов поделбата на тој систем, во кој работници работеа во шатори за 50 долари дневница, а фирмите блескаа со реклами на сите места што беа видливи и достапни на јавноста.

Погонот за електропроизводство, покрај аудио- и видеопрограма, произведуваше и машини за миење садови карат и микробранови печки на Самсунг. Со тоа се исполнуваа формалните прописи за увоз, доработка и пласман на производи од трети земји што даваа можност да заработиш по повеќе основи (пресек на тогашниот економски систем).

Нормално е, покрај работите, секоја таква посета да содржи и туристички елемент, а тие во една реченица изгледаа вака: Бангкок − загаден воздух и милиони луѓе; Сингапур − чистота и дисциплина; Хонгконг − регулиран хаос и неверојатен аеродром чија писта влегува преку морето во центарот на градот, состојба и факти карактеристични за тие дестинации и по 35 години.

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ФОРМИРАЊЕ КЛУБ НА БИЗНИСМЕНИ КОИ ПОСЕТИЛЕ НАД 30 ЗЕМЈИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС


Економија и бизнис, 15 февруари 2026г.

Повеќе од истиот автор

Најчитано