ПОРИБУВАЊЕ СО 250 КИЛОГРАМИ КРАП во битолската акумулација „Стрежево“

Вештачката акумулација „Стрежево“ со која стопанисува истоименото јавно претпријатие, порибена е со 250 килограми крап, обезбеден од репроцентарот Акватика.

Со порибувањето продолжува грижата за заштита и унапредување на рибниот фонд во акумулацијата „Стрежево“ и се придонесува кон зачувувањето на еколошката рамнотежа и одржливото управување со водните ресурси, информираа од тамошното јавно претпријатие. 

Од ЈП „Стрежево“ Битола потсетуваат дека во тек е забраната за лов на пастрмка во езерото, која ќе трае до 31 јануари наредната година.


Фото: ЈП  „Стрежево“

Повеќе од истиот автор

Најчитано