АВСТРИЈА ИМА НОВ ПЛАН ЗА БАЛКАНОТ, австрискиот предлог се заснова на трговски и економски интереси

Австрија предлага земјите од Западен Балкан повеќе да не чекаат на полноправно членство во ЕУ за да ги почувствуваат нејзините придобивки – секој конкретен реформски чекор би можел постепено да им отвори делови од единствениот европски пазар.

Австриската министерка за надворешни работи и европски работи Беате Мајнл-Рајзингер го презентираше овој пристап на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес во Црна Гора, одржан на 1 октомври.

Идејата, наречена „Stufenbeitritt“, односно пристап чекор по чекор, треба да го промени сегашниот принцип според кој кандидатите ги добиваат повеќето од придобивките од членството само кога ќе го завршат целиот процес на пристап.

Австрија сака поинаков модел: спроведените реформи и напредокот во одредени области би биле придружени со конкретни придобивки дури и пред полноправното членство.

„Со секое завршено поглавје од преговорите, треба да се отвори дел од единствениот пазар, чекор по чекор до полноправно членство“, објасни Мајнл-Рајзингер.

Австрискиот предлог не е само за трговија. Постепеното вклучување на земјите од Западен Балкан би можело да вклучува отстранување на трговските бариери, енергија, транспорт, мобилност на младите и дигитален единствен пазар.

Според податоците презентирани од Мајнл-Рајзингер, австрискиот извоз во земјите што станаа членки во тоа време се зголемил тројно и надминал 30 милијарди евра годишно, додека биле создадени повеќе од 130.000 дополнителни работни места.

Денес, Австрија е меѓу десетте најголеми странски инвеститори во сите шест економии на Западен Балкан.

Затоа Виена верува дека следното проширување би можело истовремено да им користи на земјите од регионот и на сегашните членки на ЕУ, пренесува Независне.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано