Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ – 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ претставува еден од клучните столбови во безбедносната структура на Министерството за внатрешни работи. Оваа високоспецијализирана единица мора во секој момент да биде целосно подготвена, технички, професионално и човечки, за да одговори на најсложените задачи и операции – порача денеска министерот Тошковски на одбележувањето на јубилејот 45 години од формирањето на Специјалната […]

ДЕКЕМВРИ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА БАНКРОТИРАНИ ФИРМИ, Германија со најмногу банкроти на компании од 2014 година

Бројот на германски компании што поднеле барање за банкрот минатата година е највисок од 2014 година, покажаа официјалните податоци објавени денеска. Судовите регистрирале 24.064 барања, што е зголемување од 10,3 проценти во споредба со 2024 година, објави Федералниот завод за статистика, пренесува агенцијата ДПА. Само во декември, банкротите скокнаа за речиси 14 проценти. Германската економија […]

„Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска избрана за наградата „Роман на годината“ за 2025

Романот „Три Марии“ на писателката Оливера Ќорвезироска во издание на „Арс либрис“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2025 година – беше соопштено на денешниот настан, што се одржа во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје. Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и […]

ХРВАТИТЕ (ЌЕ) ДОБИВААТ ПОГОЛЕМИ ПРАВА ПРИ БАНКАРСКОТО КРЕДИТИРАЊЕ, целта не е да се спречат граѓаните да добијат кредит, туку да се заштитат од презадолженост

Банките во Хрватска повеќе нема да можат да ги условуваат клиентите за пренос на приход при одобрување на кредити, иако ќе им биде дозволено да им одобрат пониска каматна стапка. Ќе биде забрането зголемување на лимитот по картичка без изречна согласност од клиентот, а податоците на клиентот може да се користат само до степен потребен […]

ПРОТЕСТ НА КАМИОНЏИИТЕ ОД БиХ ЗАГРОЗЕНИ 20.000 РАБОТНИ МЕСТА, домашниот пазар може да го преземат странски превознички компании, но со повисоки цени на превозот

Протестите на транспортерите во Босна и Херцеговина ќе започнат на 23 март, откако Пленумот на Логистичкиот конзорциум на БиХ предупреди дека меѓународниот сектор за патен транспорт е доведен на работ на опстанок и дека институциите сè уште не понудиле конкретно решение за насобраните проблеми. „Во изминатите 14 месеци, превозниците на Босна и Херцеговина водеа дијалог […]

ЗА ГЕРМАНИЈА Е ПОГРЕШНА ОДЛУКАТА НА САД ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ЗА РУСКА НАФТА

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека одлуката на САД за ублажување на санкциите за користење на руска нафта е „погрешна“. -Веруваме дека е погрешно да се ублажат санкциите во овој момент, рече Мерц за време на посетата на Норвешка. Моментално има проблем со цените, но не и со понудата, додаде тој. -Затоа би сакал да […]

Пожар во прочистителната станица гореше инсталација за пренос на метан во Мојанци

Пожар избувна синоќа во Прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци. Според информации од ТППЕ од Кочани, огнот се појавил на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. Ова се случило околу 20:30 часот. -Добивме дојава за пожар во прочистителната станица во Мојанци и веднаш интервениравме со […]

Македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата

Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година. – Убави вести денеска – македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата. Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна […]

УТРЕ ВО СКОПЈЕ СО ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ

Посебен режим на сообраќај ќе има утре во Скопје поради протест, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по „Филип Втори Македонски“, десно […]

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА АКЦИЗИТЕ ЗА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ ВО СРБИЈА

Владата на Србија вчера донесе Одлука за привремено намалување на износот на акцизите за нафтените деривати. Според РТС, Министерството за финансии ги намали акцизите за 20 проценти. Одлуката на Владата е привремена и важи до 15 април. На крајот на февруари, цената на нафтата БРЕНТ за барел на светскиот пазар беше 70,58 долари, а денес […]