ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ НА АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ПОРАСТ, РЕЈТИНГОТ НА ТРАМП ВО ОПАЃАЊЕ

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп е во опаѓање поради наглиот пораст на цените на горивата и широкото неодобрување на војната што ја започна против Иран,покажува спроведената анкета на Ројтерс/Ипсос. Рејтингот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, падна во последните денови на најниската точка откако се врати во Белата куќа. Анкетата покажа дека […]

ОНЛАЈН ИЗМАМНИЦИТЕ КОРИСТАТ ВИ И ЛАЖЕН ИДЕНТИТЕТ НА ИНФЛУЕНСЕРИ, Хрватите изгубија 20 милиони евра во финансиски измами

Зголемената дигитализација отвори голем простор за чести измами, при што нападите стануваат сè пософистицирани, а измамниците користат најнапредни технологии, вклучувајќи алатки за вештачка интелигенција, автоматизација и технологија за длабоки лажни информации. Во 2025 година, хрватската полиција откри и кривично пријави повеќе од 2.100 сајбер криминали, а материјалната штета надмина 20 милиони евра, што е за […]

СВЕТОТ ДОБИ НОВИ 390 МИЛИЈАРДЕРИ, најмладиот има 20 години

Во изминатата година, светот доби 390 нови милијардери, според годишното рангирање на Форбс на најбогатите луѓе на планетата. Ова е втората најдобра година досега за нови милијардери, по 2021 година, кога постпандемиското закрепнување донесе 493 луѓе во клубот на најбогатите во светот. Групата нови милијардери оваа година вклучува двајца легендарни музичари,  познат филмски режисер, тениска […]

Владата ќе го поддржи Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ со 70 милиони евра

Владата на денешната седница донесе одлука за поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ. Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот. […]

Најскап деловен простор е продаден во општина Центар за 6.800.000 евра

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови – покажува годишниот извештај од регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижностите на Агенцијата за катастар на недвижностите. Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33 % во […]

„Животот нема рестарт. Оружјето не е игра“ – почнува кампањата за подигнување на свеста кај младите

„Животот нема рестарт. Оружјето не е игра“. Со оваа порака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го означи почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на малото и лесното оружје, насочена кон младата популација. – Оружјето не е нешто што треба да се романтизира или потценува. Еден […]

Русија продава дел од златните резерви за да го покрие буџетскиот дефицит

Руските власти, првпат по речиси четврт век, започнаа со распродажба на физичко злато од резервите на Централната банка со цел да го покријат високиот дефицит на федералниот буџет, јавува „Москоу тајмс“. Буџетскиот дефицит за периодот 2022–2025 година надмина 15 трилиони рубљи, додека само во првите два месеца од тековната година се евидентирани дополнителни 3,5 трилиони […]

Иран почнува да наплаќа за премин низ Ормускиот теснец!?

Иран почна да наплаќа за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, еден од клучните светски транспортни правци за нафта и гас. Дел од комерцијалните бродови сè повеќе минуваат низ иранските територијални води преку таканаречениот „Техерански коридор за патарина“, каде што иранските сили ги проверуваат бродовите и во некои случаи наплаќаат за премин, според анализата на […]

КИНА И ВО НАФТЕНА КРИЗА СО ВИСОК РАСТ, Централната банка на Кина ги задржа клучните каматни стапки на рекордно ниско ниво

Народната банка на Кина ја задржа основната каматна стапка  за едногодишните кредити на рекордно ниско ниво од три проценти. Банката ја задржа каматната стапка за повеќегодишните кредити подолги од пет години, што е репер за станбени хипотеки за многу заемодаватели, на 3,5 проценти, исто така рекордно ниско ниво. Двете стапки не се променети девет месеци, […]

ВО МАКЕДОНИЈА ПРОСЕЧНАТА ПЕНЗИЈА ПОКРИВА ОКОЛУ 60 ОТСТО ОД ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ,  колку просечните пензии во Европа ги покриваат трошоците за живот на пензионерите

Колку државните пензии во Европа се доволни за покривање на трошоците за живот на пензионерите? Според истражувањето на компанијата за плати и човечки ресурси Moorepay, одговорот е не за 20 од 39 анализирани европски земји. Во анализата  на компанијата за плати и човечки ресурси Moorepay, која ги споредува пензиите со трошоците за живот на крајот […]