Фирма од Свети Николе оштетена за 44.222 евра при компјутерска измама

Фирма од Свети Николе била мета на компјутерска измама. Штетата е 44.222 евра, а средствата биле уплатени за набавка на репроматеријали. Но, парите не пристигнале на банкарска сметка на фирмата во Италија, туку трансакцијата била пресретната и средствата стигнале на непозната сметка во Португалија.Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип информира дека на 27.03.2026 во 22:25 часот […]
НАЈАВАТА НА ТРАМП ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА НАФТАТА на помалку од 100 долари по барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари по барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека американската војска би можела да ги заврши своите воени акции во Иран во рок од две до три недели, додека одговорноста за повторно отворање на Ормуската Теснина би ја презеле […]
ВО ДАНСКА ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРААТ НА 70 ГОДИНИ, земјата официјално ќе стане земја со најдолг работен век во Европа

Минатата година, данскиот парламент усвои регулатива со која се зголемува старосната граница за целосно пензионирање за лица родени по 31 декември 1970 година на 70 години. Така, данскиот државјанин роден на првиот ден од 1971 година или подоцна нема да може да се пензионира до 2041 година, Данска со тоа ќе ја престигне Грција и […]
МАЛО НАМАЛУВАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИИТЕ ЗА ХРВАТСКИТЕ ХОТЕЛИ ПРЕД ВЕЛИГДЕН, зголемување на дневната туристичка цена од 3-6 отсто

Резервациите за хрватските хотели пред Велигден се задоволителни, слични на оние во 2023 и 2024 година, па со претпазлив оптимизам, се очекуваат околу 170.000 туристи и до 550.000 ноќевања во текот на четирите велигденски дена, изјави Вељко Остојиќ, претседател на Хрватското туристичко здружение (ХТЗ). Од спроведената анкета за очекувањата на хотелиерите за оваа година, Остојиќ […]
РАСПРОДАЖБА НА АМЕРИКАНСКИТЕ ДРЖАВНИ ОБВРЗНИЦИ, централните банки ги штитат своите економии и валути по почетокот на војната во Иран

Странските централни банки значително ги намалија своите залихи на американски државни обврзници што ги држи Федералните резерви во Њујорк, на најниско ниво од 2012 година. Земјите продаваат американски обврзници за да ги поддржат своите економии и валути по почетокот на војната во Иран. Од 25 февруари, вредноста на обврзниците што ги поседуваат официјалните институции се […]
ЦЕНАТА НА НАФТАТА ВО МАРТ ПОРАСНАЛА ЗА 64 ОТСТО

Цената на суровата нафта Брент порасна за 64 отсто во март, што е најголемиот месечен скок од Заливската војна во 1990 година. Зголемување на цената на нафтата Брент е глобален репер за склучување договори за купување барели нафта еден месец однапред. Зголемувањето на таа цена обично се прелева врз цените на горивата бидејќи нафтата е […]
Босна и Херцеговина меѓу учесниците на Светското фудбалско првенство 2026

Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1. Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција по триумфот […]
ЕКОНОМСКАТА ШТЕТА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ НАДМИНА 50 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОРАДИ ЗАТВОРАЊЕТО НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

Земјите од Персискиот Залив претрпеа економска штета од над 50 милијарди долари поради затворањето на Ормускиот теснец, додека тензиите на Блискиот Исток ескалираат од почетокот на американско-израелскиот напад врз Иран на 28 февруари, а морскиот теснец останува затворен, според анализата на Истражувачкиот центар за енергетски стратегии и политики на Турција. Помеѓу 27 февруари и 30 […]
ЦEНИТЕ НА БЕНЗИНОТ ВО САД НАДМИНАА ЧЕТИРИ ДОЛАРИ, националниот просек за галон обичен бензин сега е 4,02 долари

Просечната цена на бензинот на пумпите во САД надмина четири долари за прв пат по речиси четири години, што е последица на војната со Иран, објавува Би-Би-Си. Националниот просек за галон обичен бензин сега е 4,02 долари, повеќе од еден долар повисок отколку кога започна војната. Дизелот е исто така повисок за околу 1,70 долари. […]
Контроли на грчкиот пазар на храна и гориво во пресрет на Велигден

Актуелната состојба на пазарот, контролите како во продавниците за храна, така и во супермаркетите, но и за цените на горивото, биле главните теми на состанокот што го одржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за состојбата на грчкиот пазар поради кризата на Блискиот Исток, а во пресрет на велигденските празници, јави дописничката на МИА од Атина. Според […]