АМЕРИКАНСКИОТ ИЗВОЗ НА НАФТЕНИ ПРОИЗВОДИ ДОСТИГНУВА РЕКОРДИ, но граѓаните веќе реагираат на поскапувањето на горивото во САД

Извозот на нафтени производи од САД скокна во март на највисоко ниво од 2017 година, што ја одразува зголемена побарувачка од европски, азиски и африкански купувачи, бидејќи залихите од регионот на Персискиот Залив се намалија. Извозот на рафинирани нафтени производи од САД, што вклучува бензин, нафта, дизел и керозин, достигна околу 3,11 милиони барели дневно […]

ПАЗАРОТ НА ЗЛАТО СЕ НАОЃА ВО ФАЗА НА АПСОРПЦИЈА, зошто во услови на криза паѓа вредноста на инвестициското злато

Во последните неколку недели, цената на инвестициското злато помина низ остра корекција, изненадувајќи значителен број инвеститори. Очекуваното зголемување на цената поради геополитичките околности на Блискиот Исток не се случи. Причината за ова не лежи во самото злато, туку во начинот на кој пазарите се однесуваат на краток рок. -Луѓето очекуваат златото веднаш да порасне за […]

ЦЕНАТА НА ДИЗЕЛОТ НА ЛОНДОНСКИОТ ПАЗАР НАДМИНА 200 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ!

Цените на дизелот денеска надминаа 200 долари за барел на лондонскиот пазар, достигнувајќи го највисокото ниво од 2022 година, поттикнати од стравувањата дека војната меѓу САД и Израел против Иран би можела да се одолговлекува. Референтните цени за дизелот во фјучерсни договори беа 1.527 долари за тон во попладневните часови, што е речиси 12 проценти […]

УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“

Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели. Ова е заклучокот од денешната средба на директорката на УЈП Елена Петрова со претседателката на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска […]

Истражување: Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги 

Учениците од основните училишта по неколку часа на ден поминуваат со мобилен телефон – така на анкета одговориле 36 проценти од 703 прашани четвртоодделенци и  63 проценти од 585 прашани осмоодделенци.   Истражувањето во кое биле анкетирани вкупно 1288 ученици од четврто и од осмо одделение е спроведено од тим на Институтот за социолошки и […]

Укината забраната за пиење вода од четири јавни артериски чешми во Охрид

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја укина забраната за пиење вода од четири артериски чешми во Охрид. Станува збор за чешмите лоцирани на булеварот „Туристичка“, во дворот на ОУ „Григор Прличев“, Биранова чешма во населба Воска и чешмата во Градскиот пазар. Забраната е укината врз основа на добиените резултати од повторените лабораториски тестирања […]

Објавен е оглас за прием на 300 професионални војници

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија. Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на […]

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од  1,219 милијарди денари  кон 119 компании

Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност. Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари. Компаниите […]

Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи

Со овој проект за првпат мојата држава станува целосно поврзана со сите соседни електроенергетски системи, што значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на поставување камен-темелник на 400 кV далновод од ТС „Битола 2” на граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница. Тој нагласи […]

Во пораст бројот на случаи со остеопороза, од најрана возраст да се применува витамин Д…

Бројот на случаи со остеопороза е во пораст во целиот свет, затоа што животниот век се зголемува, а како што стареат луѓето коските се повеќе попуштаат. Ова е бум во епидемијата со остеопороза, затоа што како што расте бројот на возрасно население така се зголемува бројот на случаи, истакна денеска проф.д-р Марта Фотева од Универзитетската […]