Американскиот долар ослабе по прекинот на огнот меѓу САД и Иран

Американскиот долар ослабе во однос на сите главни светски валути откако САД и Иран постигнаа двонеделно примирје, намалувајќи ја побарувачката за безбедни засолништа и предизвикувајќи пад на цените на нафтата. Според податоците од вчерашното тргување, индексот на доларот падна за 0,97 проценти, достигнувајќи го најниското ниво во последните четири недели. Тоа избриша повеќе од половина […]

ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ВО ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ ЌЕ ЗАБАВИ, просекот за Западен Балкан е 3,1 отстo – нова прогноза на Светската банка

Економскиот раст во земјите во развој во регионот на Европа и Централна Азија значително ќе забави оваа година под влијание на геополитичките тензии, конфликтите на Блискиот Исток и фрагментацијата на меѓународната трговија. Според проценките во најновиот извештај на Светската банка,  растот во 2026 година ќе изнесува 2,1 процент. Повисоките трошоци за енергија ја ограничуваат потрошувачката, […]

НАФТАТА ЗА 91 ДОЛАР ЗА БАРЕЛ И РАСТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ АКЦИИ, по постигнувањето на вчерашното примирје во Иран

На вчерашното отворањето на американските берзи, акциите пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги суспендирал нападите врз Иран за две недели. Акционерскиот индекс Dow Jones порасна за 1.200 поени, или 2,6 проценти, S&P 500 за 2,4 проценти, а Nasdaq за 2,8 проценти, објави CNBC. По изјавата на Трамп за воспоставување двонеделно примирје меѓу […]

ТУРЦИЈА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА СО ИРАН ПРОДАЛА 52 ТОНА ЗЛАТО, само една земја постојано купува злато  

Турција продаде или разменила злато во вредност од околу 20 милијарди долари од почетокот на војната со Иран. Централната банка на Турција продаде 52 тони злато помеѓу 27 февруари и 27 март, според анализата на консултантска компанија ​​врз основа на официјални податоци, со што нето резервите на злато се намалија на 440 тони, што е […]

ДО 2032 ГОДИНА СРБИЈА ВЛЕГУВА ВО ПРОЦЕС НА ИЗГРАДБА НА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА

Србија би можела да биде подготвена да влезе во процес на изградба на нуклеарна централа до 2032 година, додека првите капацитети на електричната мрежа би можеле да се најдат по 2040 година, изјави српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Хандановиќ изјави дека Србија веќе влегла во првата фаза од развојот на нуклеарната […]

ПОВЕЌЕ ОД 800 БРОДОВИ ЧЕКААТ ЗА ПРЕМИН НИЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ, ИРАН НАВОДНО ЌЕ НАПЛАТУВА  ТАКСА ОД ЕДЕН ДОЛАР ЗА БАРЕЛ НАФТА

Повеќе од 800 бродови се заробени во Персискиот Залив, а има 426 танкери што превезуваат сурова нафта, 34  се натоварени со течен нафтен гас и 19 бродови за течен природен гас, а останатите превезуваат друга стока, како што се земјоделски или метални производи или контејнери. Секој танкер што сака да помине низ Ормускиот теснец ќе […]

КОНКУРС ЗА 40 000 БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ СО ВОЗ ВО ЕВРОПА, право на учество имаат и младите од Македонија

Европската комисија отвори нов натпревар во рамките на иницијативата „DiscoverEU“, која им нуди на младите луѓе на возраст од 18 години и повеќе низ цела Европа,  можност бесплатно да патуваат со воз и да се запознаат со различни култури, историја и начини на живот на континентот. Вкупно 40 000 билети за патување ќе бидат доделени […]

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СИГУРНОСТА НА СНАБДУВАЊЕ СО ПРИРОДЕН ГАС, ДЕЛ ОД СТРАТЕШКИОТ ДИЈАЛОГ МЕЃУ САД И МАКЕДОНИЈА

Владите на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави денеска објавија Заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што информираат од […]

ВО СКОПЈЕ СТАНОВИТЕ ПОСКАПЕЛЕ ЗА 16,7 ОТСТО , ДОДЕКА ВО ЕУ РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ Е ЗА 5,5 ОТСТО

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 проценти на квартално – покажува индексот на цени на недвижности, што го објавува Народната банка врз основа на податоци што се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град. Минатата година во првиот квартал становите […]

ГОЛЕМО ПРЕДВЕЛИГДEНСКО ПОСКАПУВАЊЕ НА ЧОКОЛАДОTO ВО ЕВРОПА, чоколадото и какаото со највисоки стапки на инфлација

Чоколадото и какаото се меѓу прехранбените производи со највисоки стапки на инфлација во Европа. Цените на овие производи се зголемија за повеќе од 15 проценти на годишна основа во ЕУ пред Велигден, додека вкупната инфлација изнесуваше 2,3 проценти. Експертите укажуваат на нарушување во синџирот на снабдување со какао поради временските услови во Африка. Годишните потрошувачки […]