Одбележан Денот на македонската адвокатура

Адвокатската комора на Република Северна Македонија денес свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура, датум што го симболизира институционалното основање на организираната адвокатура во Македонија и нејзината повеќедецениска улога во заштитата на правата и слободите на граѓаните и јакнењето на владеењето на правото. На свеченоста, која се одржа во просториите на Комората, […]

Мицкоски: Ребалансот на Буџетот оваа недела треба да помине на владина седница

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ребалансот на Буџетот оваа недела да помине на владина седница, а потоа, како што рече, да се најде во Парламентот. – Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот, одговори кусо Мицкоски, на новинарско прашање по најавата за нова инвестиција вредна 20 милиони евра. […]

Глобален успех за Magenta Moments: Златна награда на Loyalty360

Magenta Moments, програмата за подароци, попусти и поволности за корисниците на Телеком, ја освои златната награда во категоријата „Global Loyalty Program“ на престижните Loyalty360 Awards 2026.Ова признание е едно од најзначајните во индустријата за корисничко искуство и лојалност и се доделува на компании коишто поставуваат нови стандарди во градењето долгорочни односи со своите корисници преку […]

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата. Настанот, кој за првпат се организира во Македонија во партнерство со […]

Министрите за финансии на ЕУ ја поддржуваат стратегијата на Групацијата ЕИБ за посилна и побезбедна Европа во постабилен свет

Одборот на гувернери на Европската инвестициска банка (ЕИБ), составен од министрите за финансии на Европската Унија, ја одобри стратегијата на банката за исполнување на заедничките политички приоритети, со зголемено финансирање и апетит за ризик, користејќи го својот целосен потенцијал за мобилизирање инвестиции за енергетска автономија, технолошко лидерство и безбедност и одбрана. Групацијата ЕИБ е на добар […]

АХВ запре увоз на речиси 24 тони пилешко месо од Бразил поради ризик од птичји грип

Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин. При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина […]