Белград од 22 до 26 јуни домаќин на најголемиот светски собир на економисти

Белград од 22 до 26 јуни ќе биде домаќин на XXI Светски конгрес на економисти на Меѓународната економска асоцијација (IEA), најголемиот меѓународен научен и стручен собир на економисти досега организиран во Србија.За првпат во историјата, Светскиот конгрес на економисти, благодарение на Сојузот на економисти на Србија, ќе се одржи во Србија и во регионот на […]
Без вода корисниците од село Драчево

Корисниците од село Драчево ќе немаат вода поради уличен дефект на водоводен цевка Ф80мм на улица „Солунска Глава“ бр.18 во село Драчево. ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 10 часот до отстранување на дефектот. извор МИА
Сè повеќе Македонци се префрлаат на оптика: Бројот на корисници порасна за над 14%

Бројот на претплатници со пристап до интернет преку оптичка мрежа во четвртиот квартал лани во државава изнесувал 228.581 – раст од 2,57 проценти споредено со претходниот квартал, а од 14,24 проценти во однос на истиот квартал од 2024 година, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку […]
Без струја дел од Кисела Вода

Без струја денеска ќе бидат дел од жителите на скопската населба Кисела Вода. -Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08:30-15:30 часот на ул.Герника 1,2,3,4,5,6,7,8,9 и 10, ул.Иван Хаџиниколов 1,3,5,7 и 9 и дел од ул.Методија Патчев и ул.Амтон Димитров (општина Кисела Вода), соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН. извор МИА
Колони на „Богородица“ и „Дојран“: За излез од Македонија се чека до 40 минути

На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта […]
НОВ БРОЈ | Економија и бизнис | 15 јуни 2026г

Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, и бесплатна достава, кликнете ТУКА
Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Европската Унија не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан, кои со години преговараат за членство, со воведување поинаков вид процес на проширување за Украина, бидејќи тоа нема да биде ниту чесно ниту прагматично. Ова пред состанокот на Европскиот совет во Брисел го изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар, предупредувајќи дека забрзувањето на преговарачките кластери […]
HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел.
Finance Think: CBAM и енергетската транзиција стануваат клучен тест за конкурентноста на македонската индустрија

На 17 јуни 2026 година, Finance Think организираше тркалезна маса на тема „Зајакнување на конкурентноста: Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“. На настанот беше промовирана најновата студија на Finance Think „Подготвеност за Механизмот за јаглеродно гранично прилагодување (CBAM) и зелената индустриска транзиција во Северна Македонија“, која ги анализира економските и индустриските импликации од […]
Најголемата спортска сала во Македонија станува Т Арена

Македонски Телеком и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ започнуваат стратешко партнерство со кое најголемата спортска сала во земјата добива ново име и нов идентитет и станува Т Арена. Т Арената во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ наскоро ќе добие нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на Т брендот и на надворешниот и во внатрешниот […]