Најдобро чуваната шопинг тајна е откриена: Pepco доаѓа во Скопје овој јуни!

Обележете го јуни во вашите календари, бидејќи првите продавници на Pepco во Скопје се подготвени да станат дестинација број еден за сите што бараат квалитетна облека и производи по најдобри цени на пазарот. Со ова, Скопје станува дел од големата приказна на брендот кој веќе 22 години ги освојува срцата на потрошувачите низ цела Европа. […]
dm и „Матрона“ со бесплатна обука на тема „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“

Компанијата dm drogerie markt и Здружение на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, ги покануваат мајките, идните родители и сите заинтересирани на бесплатната онлајн обука на тема „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, која ќе се одржи на 23 март, од 17.30 до 19 часот. Сите заинтересирани треба да го потврдат своето присуство на мејл адресата info@matrona.org.mk Обуката ќе ја […]
Младите ја раскажуваат приказната за рубинот – Божиновска се сретна со наградените ученички

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со ученички од трета година од Гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои со својот труд и креативност веќе оставаат впечаток на национално ниво. Станува збор за Марија Ташевска, Јасемин Демировска и Ангела Ристовска, заедно со нивната професорка Марина Иванова, кои во рамки на предметот […]
Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени во политиката, Парламентот, на раководни функции во органи на централната власт“ за периодот 2020 -2025 година. Сиљановска-Давкова, како што информира нејзиниот Кабинет, ги […]
За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи

Од денеска на бензинските пумпи на ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил се точи гориво поевтино за два денара од максималната цена што ја определува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати, информираат од ОКТА. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за два денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и […]
Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

По повод 18 март – Глобалниот ден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница. Кампањата ќе трае […]
ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ | Марко Ташков: Влијанието на американскиот лидер и неговата политика врз глобалниот пазар на пари

Со враќањето на актуелниот претседател на САД во Белата куќа во јануари 2025 година, глобалниот пазар на пари повторно се најде во средиштето на политичка и на економска турбуленција. Неговата политика, која се базира на протекционизам, на дерегулација и на агресивна трговска стратегија, веќе во февруари 2026 година има видливи последици врз движењето на валутите, […]
УЈП ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА ДЕБАТА ЗА ИДНИНАТА НА ОДАНОЧУВАЊЕТО

Претставниците на Управата за јавни приходи активно учествуваа во европските дебати за современите даночни системи, стекнувајќи искуства и градејќи партнерства за иднината на оданочувањето. Во изминатите два дена, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, заедно со помошник директорката Тања Анчевска, учествуваа на Даночниот симпозиум на Европската унија, насловен „Иднината на оданочувањето: нееднаквост и […]
Семос Едукација ја предводи AI трансформацијата во компаниите

Како вештачката интелигенција да се стави во функција на реални, мерливи и одржливи деловни резултати беше во фокусот на работилниците што ги реализираа Семос Едукација и Македонско-Германското стопанско здружение, отворајќи ја темата за тоа дали компаниите навистина поседуваат капацитет и практична подготвеност за ефективно да ја применат вештачката интелигенција. Во време кога интересот за AI […]
Се воведува ред: Без план нема инвестиции – општините го преземаат клучниот збор, донесен правилникот

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план. Со овој правилник за првпат се воспоставува јасен, структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално и национално ниво, со што […]