Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод

Денеска се одржа историски настан за македонскиот енергетски сектор со поставувањето на камен темелник на 400 kV далекуводот од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница. Овој капитален проект е стратешка интерконекција која ја заокружува електроенергетската поврзаност на Северна Македонија со сите соседи и ја зацврстува позицијата на земјата како доверлив партнер во регионалната енергетика. На […]
АМСМ: Снег со слаб интензитет на Попова Шапка, магла во Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, кој во моментов не се задржува на коловозот. Како што инфомираат од АМСМ, намалена видливост поради појава на магла до 150 метри има во Крушево. извор МИА
Сообраќајот на патот Берово-Струмица во прекин поради сообраќајка

Сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е во прекин поради сообраќајна незгода, соопштуваат од ЈП Македонијапат. Како што соопштуваат оттаму, сообраќајот е во прекин од 18:15 часот, поради сообраќајна незгода на излезот од Берово, на местото викано Ширина. извор МИА
Соопштение од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на СМ

Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на СМ, како и претставници на овој сектор, дел од другите комори, на 2.4.2026 г. одржаа заеднички работен состанок со заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, при што беа донесени следниве заклучоци: 1. Моменталната состојба со цените на лебот и печивата […]
Ascend 2030: Нелт Група продолжува со развој преку нови партнерства, инвестиции и дигитализација

На еднодневната конференција на Јахорина, на која присуствуваа директори и менаџери од сите компании, Нелт Група ги претстави резултатите остварени во текот на првата година од имплементацијата на стратегијата „Ascend 2030“, при што дополнително го зајакна своето портфолио, ги прошири регионалните партнерства и реализираше клучни инвестиции во логистичката инфраструктура. Од усвојувањето на стратегијата, Нелт Група […]
Перински: Од финансиска стабилност до инфраструктура – сеопфатна поддршка за општините

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работни посети на општините Валандово и Неготино, каде што се сретна со градоначалниците Ѓоко Камчев и Марија Нацева, членовите на советите и општинските администрации. Во Општина Валандово, на средбата со градоначалникот Ѓоко Камчев, беа разгледани тековните состојби, секојдневните предизвици со кои […]
Од анализи до акција: придонес на младите кон политики за чист воздух

„Од научни податоци до практични одлуки: Ставот на младите за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје“ беше тема на дводневната работилница со која се заокружи циклусот на настани во рамки на проектот „Применето моделирање на квалитетот на воздухот и валидација на мерките за ублажување на штетните ефекти преку идентификација на изворите“, чиј носител е […]
„Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза

„Алкалоид“ АД Скопје од 1996 година е дел од Македонската берза, најпрвин преку Третиот неофицијален пазар, а од ноември 2002 година како котирано друштво на Првиот официјален пазар, на кој се етаблира како една од најликвидните и најтранспарентни компании. По повод одбележувањето на јубилејот 30 години од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност […]
Вработените од Телеком пошумуваа на Јасен

Вработените од Македонски Телеком учествуваа во акција за пошумување и обнова на шумите во Националниот парк Јасен. Ова подрачје беше погодено од големиот пожар во август 2025 година. „Акцијата на Јасен претставува уште еден чекор во напорите за обнова на шумите и зачувување на природните ресурси. Со оваа иницијатива, ние продолжуваме да придонесуваме кон подобрување […]
Мемов: За нецели две години најголемо зголемување на пензиите во последите 20 години

За период од нецели две години, од септември 2024 до март 2026 година вкупното покачување на пензиите е 7000 денари на месечно ниво или вкупно линеарно зголемување од 36 проценти, вели директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов. Минималната пензија за овој период, како што посочува Мемов, е зголемена за 61,75 проценти, а просечната пензија за околу 40 проценти.