Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка

На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по […]
„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија. Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, […]
Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државата

Пониските цени на горивата и поевтините прехранбени продукти во земјата ја зголемија фреквенцијата на патници на граничниот премин Ќафасан за време на викендите. Повеќето од патниците, пред сè, од пограничните места во соседна Албанија, доаѓаат во Струга на кратки еднодневни посети да наполнат гориво и да набават продукти. Зголемена фреквенција се очекува и во пресрет на продолжениот велигденски викенд.
САД и Русија со рекорден извоз на течен гас за Европа

САД и Русија во првиот квартал од 2026 година во Европа извезле најмногу течен природен гас (ЛНГ) од кога било досега во првото тримесечје – покажуваат податоци на Институтот „Бригел“. САД доставиле 8,27 милијарди кубни метри, а Русија 2,46 милијарди. Најголемата количина ЛНГ пристигнала преку пристаништата во Белгија, Франција, Холандија и Шпанија. Најголеми извозници на […]
Пад на цената на нафтата „Брент“, но сè уште е поголема отколку пред почетокот на војната на Блиски Исток

Цената на нафтата „Брент“, по постигнатиот договор за прекин на огнот на Блискиот Исток, денеска се намали за речиси 15 проценти и барел се тргува за 94 долари. Тоа е значително намалување во однос на 120 долари за барел, но сепак нафтата „Брент“ е речиси 30 отсто поскапа отколку пред почетокот на судирот, кој почна […]
Трипуновски: Досега откупени 100.000 јагниња и над милијарда денари исплатени за грло овца

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп ќе одржи работен состанок со Сојузот на одгледувачи на овци и со претставници на здруженијата, на кој ќе разговараат за актуелните состојби во делот на овчарството и откупот на јагнето. „Досега се откупени и заклани некаде околу 100.000 јагниња. Цената по која што моментално […]
Божиновска потпиша Меморандум со САД – енергијата станува клуч на стратешкото партнерствои ја позиционира Македонија на ново ниво

Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас. Потпишувањето се реализира во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД, клучна платформа за продлабочување на стратешкото […]
АЗЕСКИ СО ОВЛАСТЕНИТЕ УВОЗНИЦИ НА ВОЗИЛА, ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Се иницираат мерки за поевтини нови автомобили и помала емисија на гасови
Нешто добро од срце: Lazarov Awards оваа година и со хуманитарна мисија

По успешното прво издание и големата поддршка од публиката, Lazarov Awards оваа година прави чекор повеќе и добива јасна општествено одговорна димензија. Инспирирани од публиката и нивните сугестии, организаторите ја претворија желбата да се помогне на оние на кои им е најпотребно во конкретен, значаен чин. Така се роди „Нешто добро од срце“, искрена и […]
Божиновска во Вашингтон: Средба со „Chevron“ за диверзификација на снабдувањето и влез на американски компании на македонскиот пазар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба во канцеларијата на Chevron Corporation во Вашингтон, посветена на унапредување на енергетската соработка и обезбедување стабилно и диверзифицирано снабдување со нафта и течен природен гас (LNG). На состанокот, покрај присутните во Вашингтон, онлајн се вклучија водечки претставници на компанијата , од различни делови на светот, вклучително и […]