СМРТНOСТА ОД ТОПЛИНА ЌЕ РАСТE ПОБРЗО ОД ОНAA ОД СТУД, смртните случаи поврзани со студ моментално се многу повисоки покажуваат истражувањата

Моделирањето на податоци од 30 европски земји сугерира дека смртните случаи поврзани со топлотни бранови би можеле да се утростручуваат на европскиот континент до крајот на векот под сегашните климатски политики, зголемувајќи се од 43.729 на 128.809 годишно. Според истото сценарио, смртните случаи поврзани со студ би останале високи, со мало намалување од 363.809 на […]

ВО БОЦВАНА ОТКОПАН ВТОР НАЈГОЛЕМ ДИЈАМАНТ

Во рудник за дијаманти Карове во северниот дел на централна Боцвана е ископан дијамант од 2.492 карати, што е најголемо „парче“ кое е откриено во оваа земја и втор по големина во светот, соопштија денеска од канадската компанија „Лукара Дајмонд“, пренесуваат медиумите во светот. Во 2019 година во овој рудник е откриен дијамант од 1.758 […]

МАЛТА МЕЃУ (НАЈ)ПРИВЛЕЧНИТЕ МЕСТА ЗА ПЕНЗИОНЕРИ, земјата дава повеќе можности за мирен пензионерски живот

Малта, по Шпанија и Португалија, е на трето место на листата на најдобри земји за живот на пензионерите. Малта може да се пофали со добар здравствен систем, прифатливи цени на недвижности, даночни олеснувања, политичка стабилност, широки можности за забава, иделна клима преку цела година и голема популација која зборува англиски, се наведува во извештајот на […]

Samsung Electronics го претстави револуционерниот гејминг монитор „Odyssey 3D“ без употреба на очила на Gamescom 2024

Иновативниот монитор Odyssey 3D обезбедува имерсивен гејминг во 3D без очила благодарение на технологијата за следење на окото и мапирање на приказот Samsung Electronics денес го најави претставувањето на своите најнови гејминг монитори на саемот Gamescom 2024 во Келн, Германија, со посебен акцент на револуционерниот Odyssey 3D кој нуди гледање во 3D без очила. Саемот […]

ВО ДРАЧЕВО ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КАТАСТАРСКИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ОКОЛНИТЕ МЕСТА, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности

Агенцијата за катастар на недвижности воведува нови дополнителни услуги за граѓаните во населба Драчево и нејзината околина. Од вчера, во канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во Драчево, жителите на Драчево, Пинтија, Зелениково, Долно Лисиче, Студеничани и околните населени места можат да поднесуваат различни видови барања до Катастарот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности. […]

ЗОШТО ГЕРМАНЦИТЕ ТРОШАТ ПОМАЛКУ НА ХРАНА И НА МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ, во Германија трошоците за лична потрошувачка се под просекот на ЕУ

Германските потрошувачи трошат помалку на храна иако цените се повисоки, на медицински услуги и на лична нега од граѓаните во другите членки на Европската Унија. Лани учеството на трошоците за лична потрошувачка беше 13,4 отсто помалку од другите 26 членки на ЕУ, покажуваат податоците од истражувањето на институтот за истражување на пазарот NIQ. – Просечните […]

ОД БЕЛГРАД ДО ЉУБЉАНА СО ВОЗ СО 200 КМ/ЧАС, Србија ќе ја модернизира пругата кон Загреб и Љубљана

Србија ќе ја реконструира и модернизира пругата Стара Пазова – Шид – државна граница со Хрватска, која е на меѓународниот железнички „Коридор 10“ на кој се поврзуваат Белград, Загреб и Љубљана. Пругата Стара Пазаова – Шид – државна граница со Хрватска е долга околу 89 километри. Проектот за модернизација на оваа пруга на српска територија […]

РУСИЈА ПРЕТСТАВИ ПЛАН ЗА НОВИ 11 НУКЛЕАРНИ ЕЛЕКТРАНИ, инсталираната моќност на сите електрани треба да достигне 34.576 мегавати

Русија денеска го претстави планот до 2042 година за изградба на 11 нови големи и мали нуклеарни електрани за производство на струја. Нацрт дијаграмот на идните објекти за производство на електрична енергија е даден на јавна расправа, пренесе ТАСС. Во додатокот на документот се наведува дека новите нуклеарни електрани ќе бидат градени во: Ростов, Свердловск, […]

ВО ЈУНИ ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА Е 41.939 ДЕНАРИ, за една година зголемена е за 14,8 отсто

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни […]

Потенцијалот на ознаката на потекло и на географската ознака за поголема валоризација на македонските земјоделски производи

Република Северна Македонија е главно земјоделска земја со специфична географска локација и со специфична клима. Учеството на земјоделството, на шумарството и на рибарството во структурата на БДП во Република Северна Македонија во 2022 година изнесувало 7,4 %, што го прави овој сектор значаен чинител во нациoналната економија.1На тлото на нашава земја се произведуваат значителен број […]