СТРУМИЦА Е ПРВ ГРАД НА БАЛКАНОТ СО ЦЕЛОСНО „ЗЕЛЕН“ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ, Општината набави десет електрични автобуси за јавен превоз

Струмица ќе биде прв град на Балканот со електрифициран јавен градски превоз во корелација со Европскиот зелен договор, најави денеска струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов при преземањето на клучевите од десетте електрични автобуси во кругот на Аутомакедонија во Скопје. Автобусите моментно се во фаза на процедурата за царинење, регистрација и осигурување и се очекува од 1 […]

РОТАЦИЈАТА НА ЗЕМЈАТА СЕ ЗАБАВИЛА, кинески научници откриле шеми на забавување на планетата со текот на времето

Кинески истражувачи, во соработка со колеги од Франција, Германија и Ирска, открија дека во периодот од пред 650 милиони години до пред 280 милиони години, растојанието од Земјата до Месечината се зголемило за приближно 20.000 километри, а должината на денот за околу 2,2 часа, објави билтенот на кинеското Министерство за наука и технологија. Цитирајќи напис […]

ВО КОИ ЗЕМЈИ НОВОДИПЛОМИРАНИТЕ НАЈБРЗО СЕ ВРАБОТУВААТ? во ЕУ забележан е пораст на стапката на вработеност на неодамна дипломираните студенти

Во 2023 година во Европската Унија биле вработени 83,5 отсто од неодамна дипломираните студенти, што претставува зголемување од 1,1 процентен поен (п.п.) во однос на 2022 година (82,4 отсто). Во категоријата „неодамна дипломирани“ се лица на возраст од 20 до 34 години кои ги завршиле своите студии во последните една до три години на средно […]

СРБИЈА ЈА УКИНУВА ЗАБРАНАТА ЗА ИЗГРАДБА НА НУКЛЕАРКИ, во новиот Законот за енергетика има можност и за добивање енергија од отпад

Во предложените измени и дополнувања на Законот за енергетика во Србија се предлагаат многу новини во произвoдството и прометот со енергија. Една од измените се однесува на укинување на забраната за изградба нуклеарна електрана. Се предвидува и уредување на балансиран пазар и можност за крајните купувачи да бидат и активни учесници со склучување на договори […]

АХВ: СЕ ЌЕ НАПРАВИМЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЧУМАТА КАЈ ЖИВОТНИТЕ, презентирани резултати од проектот „Подобрена контрола на болестите кај животните“

Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните со десет различни активности, зајакнување на капацитетот за безбедност на храната со четири активности, подобрен систем на официјална контрола со четири активности и подобрен систем за собирање на податоци и проценка на ризикот со четири активности, е резултатот на проектот „Подобрена контрола на болестите кај […]

„ЈАС БИ САКАЛ И 5.000 ЕВРА ДА БИДЕ ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА“, изјави премиерот Мицкоски, но како што рече треба да се има предвид состојбата во Буџетот

-Јас би сакал и 5.000 евра да биде просечната плата, но треба да дојдеме до тоа, имајќи ја предвид состојбата во Буџетот, која што ја оставија и непредвидените усогласувања согласно колективните договори, па мораше сега со ребалансот да се усогласуваат. Но, истовремено би напоменал дека истиот тој синдикат тогаш беше од страна на министерката за […]

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА Е НА НАЈНИСКО НИВО, причината се штрајкот во канадската железница и добриот род во Украина

Цените на пченицата денеска паднаа на најниско ниво од септември 2020 година и изнесуваат 5,20 долари за бушел (27,2 кг.) , поради влијанието на можниот штрајк на железничарите во Канада и оптимистичките прогнози за жетвата во Украина. Можноста на штрајк на канадските железничари ги принуди земјоделците порано да ги продаваат залихите од пченица. Се очекува […]

ПАЗАРОТ НА ТРУД ВО САД СЕ „ЛАДИ“, ревизијата покажува помалку новоотворени работни места од претходно пријавените

Пазарот на труд во САД е многу послаб од тоа што се претпоставуваше. Ревизијата на податоците во периодот од лани до крајот на првиот квартал во 2024 година, покажува 818.000 помалку нововработени лица од податоците кои ги објави државната статистика, соопшти Министерството за труд. Годинава има најголема разлика во податоците од 2009 година и тие […]

РАБОТНИЦИТЕ ВО ХРВАТСКА СО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО ЈУНИ, во здравството исплатена највисока плата од околу две илјади евра

Во Хрватска во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правни лица изнесува 1.315 евра. Тоа е за 11,6 отсто повеќе од јуни минатата година, но и за 0,7 отсто помалку во однос на мај 2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Просечната месечна бруто-плата по вработен во правните лица во Република […]

ПРЕКИНАТ КАНАЛ НА ДРВОКРАДЦИ ОД СТРУГА, МВШВ информираше дека е прекинат синџир на дрвна мафија во Македонија

Граничната и Шумската полиција – Струга во заедничка акција откриле камион кој превезувал огревно дрво без соодветни документи. Камионот со кој биле одземени дрвата му е одземен на сопственикот, а одеземени се и дрвата кои се складирани во подружницата на Национални шуми. – Во заедничка акција на Граничната полиција со Шумска полиција – Струга е […]