ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК ЌЕ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ И БРУЦОШИ

Министерството за образование и наука позитивно одговорило на две од трите барања кои Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скопскиот универзитет му ги достави пред два дена. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека се прифаќа барањето на УСС на УКИМ да се продолжи рокот за аплицирање за студентски оброк и по 5 септември, за да може […]

СВЕТСКА БАНКА ГО ОТКАЖА РЕКЛАМИРАЊЕТО НА Х

Светската банка ја прекина сета платена реклама на социјалната мрежа X на Илон Маск, откако некои американски медиуми открија дека промовирани реклами на оваа меѓународна институција се појавиле под расистички пост од профил кој често објавува неонацистичка и националистичка содржина што пропагира супериорност на белата раса. Телевизијата „Си-Би-Ес њуз“ откри верифициран профил на X со […]

ВРАЌАЊЕТО НА РАБОТА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА „ПОСТОДМОРНА“ ДЕПРЕСИЈА, како да се подготвите за првиот работен ден по одморот

По враќањето од годишните одмори на повеќето од луѓето им е потребен период за постепено прилагодување на работната рутина. Во првите работни денови кај некои се појавуваат симптоми на замор, недостаток од концентрација или мотивација, а оваа состојба е позната како „постодморска депресија“. – Процесот на прилагодување на работните навики варира во зависност од индивидуалните […]

ВО НЕДЕЛА ПОПЛАДНЕ СО НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот, а повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање, соопшти УХМР. фото freepic

ЦАРИНИЦИ ОТКРИЛЕ НАКИТ СКРИЕН ВО ЕЛЕК НА ПАТНИК НА РЕЛАЦИЈА ИСТАНБУЛ-ГОСТИВАР, запленет златен и сребрен накит со вредност над 9.000 евра

Царинските службеници на граничниот премин Богородица запленија 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул-Гостивар. Царинската управа соопшти дека со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична […]

РАСТОТ НА „МИНИМАЛЕЦОТ“ ДА БИДЕ ПОГОЛЕМ ОД 10 ОТСТО, предлага српската влада со проекциите до 2027 тој да достигне 650 евра

Владата на Србија предложи растот на минималната плата во 2025 година да биде поголем од 10 отсто, со што би се остварил тригодишен континуитет на двоцифрената стапка на раст на „минималецот“. Во 2023 година минималната цена на трудот во Србија беше зголемена за рекордни 17,8 отсто, а во 2022 година за 14,3 отсто. Државниот секретар […]

ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ЗАБРЗАНО СЕ ПРИБЛИЖУВААТ КОН ПРОСЕКОТ НА ЕУ, во Македонија цените на храната се 68 отсто од просекот во Унијата

Пред почетокот на инфлаторниот бран во 2020 година, кој ги зафати земјите во Европа, цените на храната во Србија беа за 20 отсто под просекот на Европската Унија. Вкупната потрошувачка на домаќинствата во Србија во 2023 година била на 67,7 отсто од просекот на ЕУ, што е раст за околу 10 отсто во однос на […]

ДО 2050 МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНЕ СО 1.519.000 ЖИТЕЛИ, прогнози на ОН покажуваат намалување на населението за 17,3 отсто

Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители. Според процените на ОН населението во Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од […]

ОД ПОЛНОЌ ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари […]

ЕЦБ: Потрошувачите во еврозоната очекуваат повисока инфлација во следните три години

Потрошувачите во еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните три години да биде 2,4 отсто, додека во истражувањето во јуни процентот изнесуваше 2,3, се наведува во заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јули. Инфлациските очекувања за следните 12 месеци се непроменети бидејќи потрошувачите очекуваат инфлација од 2,8 отсто, исто како и во јуни. […]