300 нови вработувања за полошкиот регион, министерот Дурмиши ја предаде работната дозвола на фабриката Киел Македонија

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, ја посетија Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Тетово, при што остварија средба со претставниците на НОРМАК и компанијата Киел Македонија. Во рамки на посетата, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши заедно со градоначалникот на општината Билал Касами, директорот […]

ИНДИСКИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ ГО ДОСТИГНА ВРВОТ, во второто тромесечие Индија постигна најмал раст во последните пет квартали

Индија во второто тромесечие годинава забележа раст на БДП од 6,7 отсто на годишно ниво. Ова е за 0,4 процентни поени помалку од економскиот раст во првото тромесечие годинава. Индија е петта најголема економија во светот. Индискиот БДП во вториот квартал годинава забележа најнизок раст во последните пет квартали. Помалиот раст е резултат на помалата […]

БУДИМПЕШТА СО НАЈВИСОК РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО ЕВРОПА, во другите европски главни градови не е забележан поголем раст на цените над пет отсто

Цените на становите во Будимпешта пораснале најмногу во споредба со цените на становите во другите главни градови во Европската Унија. Минатата година, во главниот град на Унгарија цените на становите, искажани во унгарски форинти, се зголемила за 11,2 отсто, покажало истражувањето на „Дилоит“ во кое беа опфатени 24 европски земји и 59 градови. Европски градови […]

Наградниот фонд во Лигата на шампионите се зголеми на 2,5 милијарди евра

Во својот нов формат, наградниот фонд на Лигата на шампионите ќе скокне за 25% на минимум 2,5 милијарди евра по сезона, со резервирани 150 милиони евра за победникот во зависност само од резултатите. Секој од 36-те тимови добива првични 18,6 милиони евра, а потоа 2,1 милиони евра за секој освоен натпревар. Сумата за реми е […]

ПРОДОЛЖУВА СТАГНАЦИЈАТА НА ГЕРМАНИЈА, ПОРАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА, во август се огласени помалку слободни работни места

Невработеноста во август во Германија се зголеми на 6,1 отсто, а без работа се 2,87 милиони лица. Стапката на навработеност на месечно ниво порасна за 0,1 отсто, а само во однос на јули има нови 63.000 невработени, објави денеска германската Сојузна агенција за вработување со седиште во Нирнберг. На годишно ниво невработеноста во Германија се […]

Водич за родителите – Како да го изберете најдобриот банкарски пакет за вашите деца

Во текот на целиот процес на растење и воспитување на децата родителите се обидуваат да ги научат децата за вредноста на парите, вложувањето за заработка и леснотијата на трошењето. Најчесто на децата им е тешко да ги разберат овие теми, навидум тие личат како нешто неразбирливо и комплицирано, и најчесто овој тип на финансиски одлуки […]

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,93%, а на кредитите 5,46%

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,43 п.п., при што во јули таа изнесува 1,93%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,03 п.п. и изнесува 5,46%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците […]

Министерството за спорт преку посебна програма ќе субвенционира врвен спорт

Нова програма за субвенционирање врвен спорт, која ќе ги опфати сите спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа, обезбеди Министерството за спорт од државниот буџет, информира денеска на прес-конференција во Влада, ресорниот министер Борко Ристовски. Тој посочи дека финансиските средства за таканаречениот ваучер систем се обезбедени преку државниот буџет, што, како што рече, […]

ПРИМАМЛИВА ПОНУДА ЗА ДИГИТАЛНИТЕ НОМАДИ, шпанска провинција нуди 15.000 евра за доселување

Локалната влада на шпанската покраина Екстремадура нуди по 15.000 евра за заинтересираните лица кои сакаат да се преселат во оваа област за период од најмалку две години. Оваа автономна покраина е меѓу најненаселените области во Шпанија и издвои буџет од два милиони евра за да привлечат 200 дигитални номади и работници на далечина, пренесува CNBC. […]

„ДИРЕКТОРСКИТЕ ПЛАТИ“ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СЕ НАМАЛЕНИ ЗА 20 ОТСТО!

Просечната плата на извршните директори на водечките 100 компании во Велика Британија се намали за 20 отсто во изминатите години. Просечната заработувачка, односно средната вредност меѓу најслабо и најдобро платениот директор, се намали од 4,3 милиони фунти во 2016 година, на 3,5 милиони фунти оваа година. Причината за намалување на „директорските плати“ се воведените ограничувaња […]