Учениците се враќаат на настава, учебниците навреме испорачани

За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна 2024/25 година. Учебната година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Наставата почнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има само за учениците од неколку училишта […]

Истражување: За десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10 отсто

Само за последните десет години, бројот на ученици во основните и во средните училишта е намален за 27 илјади. Намалувањето на бројот на ученици е особено изразен во средното образование, каде само за десет години, бројот на ученици е намален дури за 20 проценти, односно за 17 илјади ученици, а во основното образование, намалувањето изнесува […]

Клиника Жан Митрев со нови инвестиции до врвен здравствен систем со сите услуги на едно место

Со нови инвестиции во најсовремена опрема, отворање на нови оддели и дополнителна соработка со над 30 доктори, Клиниката Жан Митрев е пример за здравствен систем единствен од овој тип во регионот. Последнава година инвестирани се дополнителни 5 милиони евра во врвна опрема за постоечките и новите оддели во Клиниката, ангажирани се доктори специјалисти од јавниот, […]

Со почетокот на новата учебна година Народната банка продолжува со финансиската едукација преку нов циклус предавања

Со почетокот на учебната година, започнува и новиот циклус предавања на Народната банка од областа на финансиската едукација. Финансиската едукација е дел од стратегиските цели на Народната банка и преку обезбедување непрекинатост во процесот и постојано зголемување на опфатот на населението од различни целни групи, се цели кон унапредување на финансиската писменост во земјава. За […]

Разрешувањето на билатералните недоразбирања како предуслов за регионалната соработка (и идното членство во ЕУ)

Пред неколку дена, во Скопје, имав посебна чест да бидам дел од панел-дискусијата иницирана од страна на Советот на инклузивно владеење (Council for Inclusive Governance-CIG), со седиште во САД, кој години наназад е фокусиран на интензивни дебати во нашиов регион, „без ракавици“, на највисоко политичко ниво. Учесници беа поранешни и актуелни министри, членови на парламентите, […]

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ НА МЛАДИТЕ УМЕТНИЦИ НАЏА КРАЧУНОВИЌ И СЕРХАТ ЕМРУЛАИ ВО МСУ

На 5 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе бидат отворени самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници – „Будења“. Куратори на изложбите се Ива Димовски, Бојана Јанева […]

ПРОГРАМАТА FRANCE-VISAS Е ГОЛЕМ ПРОЕКТ ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ФРАНЦИЈА, земја која обработува најголем обем на апликации за виза во Шенген зоната

Програмата France-Visas е голем проект за дигитална трансформација на Франција, што заеднички е предводен од Министерството за внатрешни работи и Министерството за Европа и надворешни работи. Оваа програмата за визи на Франција е единствен информативен систем за апликациите за виза за влез во Франција. Во рамките на Шенген зоната, Франција е земја која обработува најголем […]

Здравствениот совет ја одржа првата седница, поставени приоритети

На првата седница на здравствениот совет, формиран како советодавно тело на министерот за здравство, беше потенцирано дека главни приоритети во следниот период ќе бидат изготвувањето здравствена стратегија, спојувањето на универзитетските клиники во еден клинички центар, како и изготвувањето закон за здравствена заштита. Здравствениот совет во континуитет ќе ја следи состојбата во јавното здравство, ќе изготвуваат […]

Над 400 апликации на специјализанти за вработување во јавното здравство, денеска е последен ден за пријавување

Над 400 апликации се пристигнати на повикот за изразување интерес на специјализанти за вработување во јавното здравство. Од Министерството за здравство информираат дека денеска е последен ден за пријавување. Апликацијата е достапна на веб-страницата на Министерството за здравство.

Минатиот месец најтопол август во изминатите 14 години во неколку делови на Грција

Овогодишниот август (исто како јуни и јули) се карактеризира со многу последователни денови со големи позитивни температурни отстапувања и беше најтоплиот август од 2010 година во северна и западна Грција, Јонското море и Пелопонез, со просечни месечни вредности до 1,8 степени Целзиусови над нормалните нивоа за сезоната, пишува порталот „Метео“ на грчката Националната опсерваторија, јави […]