ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД НАЈАВА ЗА НЕВРЕМЕ, од петок променливо време

Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност, а од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат […]

ШТРАЈК НА АМЕРИКАНСКИТЕ СОБАРКИ, вработените жени во хотелите бараат повисоки плати и повеќе почитување

Повеќе од 10.000 собарки во 25 хотелски претпријатија во САД почнаа со штрајк за повисоки плати, предвидливи работни обврски и поништување на одлуките за намалување на персоналот од периодот на пандемијата. Речиси половината од работниците кои штрајкуваат се од Хонолулу и тие бараат не само поголеми плати, туку и поголемо почитување, во услови кога им […]

ДЕЛОВНАТА КЛИМА ВО ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА СЕ ВЛОШУВА, шестмесечни песимистички прогнози на институтот ИФО

Деловната клима во германската автомобилска индустрија се влошува во август, а индикаторот за искажување на деловното расположение во секторот се намали на минус 24,7 бодови од јунските -18,5, објави минхенскиот институт ИФО. – Песимизмот во германската автоиндустрија се продлабочува, предупреди Анита Волфл, аналитичарка од институтот ИФО. Во наредните шест месеци ги очекува песимистички прогнози. Искажано […]

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО РАСТ ОД 2,3 ОТСТО, растот на БДП во вториот квартал се должи на порастот од 9,5 отсто во секторот уметност,забава и рекреација…

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во Македонија во второто тримесечје од 2024 година е 2,3 отсто, покажуваат проценетите податоци на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат […]

Трипуновски: Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен и пченица

„Денес сум на работна средба со земјоделците од Пелагонискиот регион, поточно во општина Новаци. Денеска ќе ги информирам лично дека на вчерашната седница на Влада поминаа двете програми, т.е. програмата за директни плаќања каде што дополнителната субвенција од 6.000 денари по хектар ја зголемуваме на 12.000 денари, се со цел да излеземе во пресрет на […]

БРАЗИЛ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ ВО ЛАТИНСКА АМЕРИКА, минатата година бразилската економија беше во зоната на стагнација

Бразил оствари најголем економски раст од земјите во Латинска Америка, а во второто тромесечие забележа зголемување на БДП за 1,4 отсто. Зголемување на економската активност во земјата е резултат на индустријата и услужниот сектор. Во втората половина минатата година бразилската економија беше во зоната на стагнација. За второто тромесечие годинава беше предвиден раст од 0,9 […]

Членките на асоцијацијата на превозници – „Макам-транс“ добија нова веб платформа за навремено информирање и ефикасно работење

Асоцијација „Макам-транс“ ја пушти во употреба новата веб платформа https://www.makamtrans.org.mk/ која преку збогатена содржина и подобрени функционалности има за цел да им овозможи навремено, побрзо и поефикасно информирање и функционирање на своите членки со цел одржување на тековна ликвидност во работењето. Дополнително, платформата нуди и можност за анонимно пријавување на неправилности (мито и корупција) и […]

АНГЛИСКИТЕ КЛУБОВИ ПОВТОРНО ГО ПРЕДВОДАТ ПАЗАРОТ: Летово потрошиле 1,69 милијарди долари на трансфери

Англија летово ја зацврсти својата доминација на трансфер пазарот во машкиот фудбал, пред многу други големи првенства. Ова го открива извештајот на ФИФА објавен денеска. Англиските клубови во периодот од 1 јуни до 1 септември потрошиле 1,69 милијарди долари на трансфери, привлекувајќи 526 нови играчи. Ова е нешто помалку од летото 2023 година, кога Британците […]

МНОЗИНСТВОТО ЦРНОГОРЦИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР НА МОРЕ, секој трет жител на Црна Гора изложен на ризик од сиромаштија

Речиси 60 отсто од црногорските граѓани живеат во домаќинства кои не можат да си дозволат годишен одмор седум дена. Околу 11 отсто од граѓаните изјавиле дека не можат да си дозволат секој ден јадење со месо, пилешко или риба, покажала Анкетата за приходите и условите на живот во 2023 година, која ја објави Монстат. – […]

Новата енергетски ефикасна линија на Samsung за Европа дебитира на саемот IFA 2024 овозможувајќи дополнителни заштеди на енергија

Линијата сега вклучува нова машина за перење BESPOKE AI™, која може да се пофали со А-55% поголема енергетска ефикасност, заедно со Bespoke AI Laundry Combo™ и со машина за садови Bespoke Samsung Electronics ја објави својата најнова енергетски ефикасна линија на апарати за европски начин на живот на саемот IFA 2024. Новата палета производи вклучува […]