ПОЛСКА ПРОГЛАСИ ПРИРОДНА КАТАСТРОФА ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ, осум жртви и голема материјална штета во централна и источна Европа од циклонот „Борис“

Најмалку шест мртви, неколку исчезнати, илјада лица евакуирани и над десет илјади граѓани останаа без струја, е досегашниот биланс на штетите од циклонот „Борис“, кој донесе обилни дождови и големи поплави во средна и источна Европа. Невремето кое се случи викендот предизвика катастрофални штети и поплави во Чешка, Словачка, Полска и Романија. Под вода беа […]

ГРЦИТЕ СЕ ВТОРИ ПО СИРОМАШТИЈА ВО ЕУ, ЗАД НИВ СЕ БУГАРИТЕ! националната економија е за 19 отсто помалку од нивото во 2007 година

Владата на Грција се обидува да ги истакне економските резултати кои се „повисоки“ од просекот на еврозоната, но граѓаните се наоѓаат на дното од листата, според реалната куповна моќ. Грчките медиуми информираат дека граѓаните стануваат се посиромашни, а економската состојба на населението често ја споредуваат со Бугарија, чии граѓани имаат ниска куповна моќ. Подобрувањето на […]

МИЦКОСКИ: ОЧЕКУВАМ НАРОДНА БАНКА ДА ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ, премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на работен доручек со претставници на Делегацијата на германското стопанство АХК

Повеќе од 100 менаџери на германски, македонски и други интернационални компании кои се лидери во стопанството во земјава денеска учествуваа на деловниот појадок со премиерот Христијан Мицкоски што го организираат Делегацијата на германското стопанство АХК, дел од мрежата на германските комори во странство, и Македонско-германското стопанско здружение. – Македонија има добри компании кои можат успешно […]

ЗАПЛЕНЕТИ ЗЛАТЕН НАКИТ, ЛОВЕЧКА МУНИЦИЈА, ОБЛЕКА, ВОЗИЛО СО БУНКЕР, ФАЛСИФИКАТИ И ДРУГО

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, ловечка муниција, возило со бункер, облека, обувки, автоделови, ремчиња за рачни часовници, делови за мобилни телефони, батерии, фалсификати и друго. Златен накит Царинските службеници од граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криучарење златен накит, […]

ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОЗОНАТА, забавувањето на растот на платите е предуслов и за намалување на каматните стапки

Платите во еврозоната во вториот квартал 2024 година се зголемиле за 4,5 отсто и бележат забавување во однос на растот од 5,2 отсто во првиот квартал, објави денеска Евростат. Според одделните сектори, платите во производството пораснале за 5,3 отсто, во градежништвото за 5,6 отсто, во информатичката дејност и комуникациите за 4,8 отсто, во финансиите за […]

ВО ЈУГОСЛАВИЈА ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗГРАДАТ ЧЕТИРИ НУКЛЕАРKИ според планот на Тито нуклеарките требало да бидат готови до 2000 година

Во поранешна Југославија требало да бидат изградени четири нуклеарни електрани, а сараевски „Енергоинвест“ произведувал опрема за реактори. Југословенските власти почнале во 1955 година со организирано школување на кадри за работа во нукеларни постројки, а биле утврдени и евентуалните локации каде требале да бидат изградени нуклеарките. Експертот за енергетика Миодраг Месаровиќ, кој бил вклучен во тимот […]

ЕКОНОМСКИТЕ АСПЕКТИ НА БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС – ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ОД ГОДИНЕШНИОВ САМИТ?

Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива за меѓувладина соработка насочена кон ревитализација на мултилатералните врски меѓу Западен Балкан и дел од земјите членки на ЕУ, како и за подобрување на регионалната соработка на Западен Балкан за прашањата на инфраструктурата и на економскиот развој, покренат под покровителство на канцеларот Ангела Меркел. Берлинскиот процес беше инициран со цел […]

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ ТРИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ, најави премиерот Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годината уште три инвестиции со кои, како што денеска изјави, значително ќе се зголеми економската активност и позотивно ќе се влијае врз растот на БДП. Мицкоски очекува, како што рече, многу скоро, уште денеска нов камен темелник на една белгиско-германска компанија. Посочи дека очекува и проширување на капацитетите […]

ГРАД ВО ШВЕДСКА НУДИ МОЖНОСТ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПРИРОДАТА, локалните власти нудат 10.000 круни за првите пет семејства кои ќе се доселат во Лапонија

Град во Шведска нуди поволни можности за доселување на љубителите на природата и спортските ентузијасти на отворено, а за секој нов жител се нуди 900 евра и друга помош. Гломерстреск е град сместен на северот на земјата, во шведскиот дел на Лапонија. Бројот на жители во ова место во последните децении е во опаѓање, а […]