АВГУСТ ВО МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ, минатиот месец температурата беше 1,8 степени над просекот

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Македонија, месец август годинава, се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец во споредба со многугодишните просечни вредности од 1991 до 2020 година, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Средномесечната температура се движеше од 18,2 степени во Лазарополе до 28 степени во Гевгелија. Споредено со […]

УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ЈА СОСТАВУВА ЕВРОПСКАТА ВЛАДА, денеска во Стразбур на средба зад затворени врати се разговара за распределбата на ресорите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Стразбур на средба зад затворени врати со членовите на Конференција на претседатели на Европскиот парламент, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, треба да го презентира предлог-составот на новиот Колеџ на комесари и распределбата на ресорите со кои […]

ВЛАДАТА НАЗНАЧИ ГЛАВНИ ПРЕГОВАРАЧИ СО ЕУ

На денешната владина седница министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, соопштија од Министерството за европски прашања. За заменик на главниот преговарач е назначена заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков. На оваа седница, се наведува во соопштението, задолжено […]

Делови од Кисела Вода, Центар и Карпош утре без вода

Делови од скопските општини Кисела Вода, Центар и Карпош утре ќе бидат без вода заради изведување на водоводни приклучоци. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Димо Хаџи Димов“ бр.105, утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе […]

БЕРЗАНСКИТЕ ТРГОВЦИ ЈА ОЧЕКУВААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД, аналитичарите очекуваат прво намалување на каматните стапки од 2020 година

Одборот за отворен пазар во Федералните резерви (ФОМЦ) денеска го почнува дводневниот состанок на кој се очекува да се намали каматната стапка по која банките меѓусебно ќе си позајмуваат средства. Аналитичарите очекуваат прво намалување на каматните стапки од 2020 година, а таа сега се одржува на ниво од 5,25 до 5,50 отсто. Инфлацијата во САД […]

Седум кандидати за нов претседател на Меѓународниот олимписки комитет

Седум кандидати, меѓу кои и поранешниот британски атлетичар и олимписки шампион Себастијан Коу, како и Французинот Дејвид Лапартиен, поднесоа кандидатури да го наследат Германецот Томас Бах на чело на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), почнувајќи од март 2025 година. соопшти денеска ИОК.Бах, кој е на чело на ИОК од 2013 година, најави по Олимписките игри во […]

ОХРИДСКО ЕЗЕРО СЕ УШТЕ МОЖЕ ДА ГО СПАСИМЕ, ЗА ПРЕСПАНСКО Е ПОТЕШКО! примената на науката и промената на свеста кај луѓето се клучни за заштитата на двете езера порачаа од Фондацијата за заштита на Охрид и Преспа

Заштитата на Охридското и на Преспанското Езеро е долгорочен процес и тоа треба да биде заедничка грижа за сите граѓани и институции во Македонија. Борбата на зачувувањето на водите на нашите две езера треба да се води првенствено со примена на науката и знаењето на домашните и странските експерти од сите области, но и со […]

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) е македонскиот партнер во Interreg Europe проектот CiBioGo наменет за управување и заштита на биодиверзитетот. Партнерството беше постигнато на состанокот во Словенија, каде беа присутни сите клучни партнери од деветте региони на ЕУ, Италија, Романија, Шпанија, Латвија, Словенија, Брисел, Унгарија, Македонија и Босна и Херцеговина. Постигнувањето на партнерство […]

ИЗБРАН НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ИНТЕРКУЛТУРАЛИЗАМ! Владата именува и други функционери

За Национален координатор за интеркултурализам, развој на културата и меѓуресорска соработка е именуван Абаз Селмани. Како што соопшти владината прес-служба, за в.д. директорка на Државен испитен центар, на предлог на министерот за образование и наука, е именувана Даниела Јовчевска, додека за в.д. заменик-директор на Државен испитен центар, исто така на предлог на министерот за образование […]

БАЛКАНСКА ТУРНЕJА „ТАНЕЦ – 75 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОД“

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во четврток заминува на балканска турнеја чие мото е „ТАНЕЦ – 75 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОД“! Во рамки на турнејата „Танец“ ќе има концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука. -Публиката во регионот, секогаш знаела да ја цени извонредноста на Танец и со сигурност нестрпливо ги очекува […]