Најмногу дожд во Крушево, најстудено на Попова Шапка

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево 16 литри на квадратен метар, 14 во Битола и Попова Шапка, 12 во Тополчани, 11 во Прилеп, 10 во Претор, 9 во Пожаране и Маврови Анови, 6 во Охрид, Гевгелија и Дебар, 4 воТетово, Лазарополе, Демир Капија, Велес и Кавадарци, 3 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во […]

ОД 1 ЈАНУАРИ САМО СО ВОЗАЧКИ СО НОВОТО ИМЕ, ИЛИ КАЗНА ОД 100 ЕВРА, апелираат од МВР

Возачките дозволи со старото име на државата „Република Македонија“, нема да важат после 31.12.2024 година, па затоа Министерството за внатрешни работи (МВР) деновиве апелира истите да се заменат со нови, односно називот кој ќе стои на нив да биде „Република Северна Македонија“. Прекршочен платен налог и парична казна во износ од 100 евра ќе добие […]

САД ПЛАНИРА ГОЛЕМИ НАБАКИ НА НАФТА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РЕЗЕРВИТЕ, еден бараел нафта на домашниот пазар се продава за помалку од 72 долари

Американската влада планира да купи до шест милиони барели нафта, за да ја искористи поволната цена на пазарот, заради пополнување на стратешките резерви. Доколку се спроведе замислата околу набавките ова ќе биде највисокот ниво на пополнетост на државните резерви на САД. Со овие набавки ќе бидат пополнети резервите бидејќи во 2022 година беа продадени 180 […]

ИНВЕСТИТОРИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ГУБАТ ДОВЕРБА КОН ГЕРМАНИЈА, намалувањето на каматите од ЕЦБ не го смени деловното расположение

Довербата на инвеститорите во германската економија дополнително се намали во септември годинава. Индексот на доверба, кој го пресметува Германскиот центар за европски истражувања (ZEW), се намали во однос на август од 19,2 бодови на 3,6 бодови. Аналитичарите очекуваа многу помал пад и предвидуваа вредност од 16,6 бода. Овој индикатор силно падна и во август за […]

СРЕДБА АЗЕСКИ-НИКОЛОВСКИ: Постигнат договор за развој на царинско-деловните партнерства

Унапредување на соработката со бизнис заедницата преку редовни консултации и заеднички настани, што треба да резултира со зголемување на конкурентноста на македонската економија, е договорено на средбата на директорот на Царинска управа Бобан Николовски и претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески. Како што информира Царинската управа, ваквиот начин на соработка ќе биде дефиниран […]

ВЛАДАТА СЕ ОТКАЖА ОД ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ, маржата ќе се ограничи до 10 отсто на стотина производи

Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, […]

ВО НОРВЕШКА ИМА ПОВЕЌЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОД „БЕНЗИНЦИ“! девет од десет автомобили продадени во Норвешка се е-возила

Во Норвешка има повеќе електрични автомобили отколку возила на бензин. Од 2,8 милиони регистрирани приватни автомобили, 754.303 се целосно електрични, а 753.905 користат бензин, покажуваат податоците на Норвешката патничка федерација. Моментално девет од десет автомобили продадени во Норвешка се електрични возила. Норвешка има за цел да биде прва земја која ќе ја прекине продажбата на […]

БРАЗИЛ УРИВА РЕКОРДИ ВО ПРОИЗВОДСТВО И ИЗВОЗ НА ГОВЕДСКО, ПИЛЕШКО И СВИНСКО МЕСО

Бразилското производство на говедско месо годинава ќе достигне рекордно ниво благодарение на зголемениот извоз и на стабилната домашна потрошувачка. Бразил е најголем производител во светот на говедско месо и годинава ќе достигне 10 милиони метрички тони или за 7,5 отсто повеќе од лани. Ова ќе биде највисоко историско производство на говедско месо во домашните преработувачки […]

ИСТОРИЧАРОТ ЃОРЃИЕВ ГО УСОГЛАСУВА ТЕРМИНОТ ЗА СОСТАНОК НА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА КОМИСИЈА

Копретседавачите на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, Ванчо Ѓорѓиев од македонска страна и Ангел Димитров од бугарска, го усогласуваат датумот за одржување на следниот состанок на ова тело, кое произлезе од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји. – Во текот на вчерашниот ден официјално испратив иницијален мејл до бугарскиот копретседавач […]

ВО СВЕТОТ ИМА СЕ ПОВЕЌЕ ЦЕНТИМИЛИОНЕРИ

Бројот на центимилионери – поединци со богатство од 100 милиони долари или повеќе – во последната деценија нагло се зголеми за 54 проценти. Во светот има повеќе од 29.300 луѓе со богатство над 100 милиони долари, се вели во извештајот на инвестициската консултантска фирма Henley & Partners. САД и Кина регистрираа најзначајни зголемувања кај оваа […]