ПРОБИЕН НАЈДОЛГИОТ ТУНЕЛ ВО БИХ

Денеска на делницата Поприкуш-Немила на Коридорот 5С на патот Зеница-Жепча пробиен е најдолгиот тунел во Босна и Херцеговина во должина од 3,6 километри. Со пробивањето на десната страна од тунелот Голубиња и пуштањето во употреба ќе се скрати патувањето од Сараево кон северот на БиХ, со што ќе се избегне патувањето низ кањонот на реката […]

ФИНАНСИРАЊЕТО ЗА „КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ“ ЗГОЛЕМЕНО ЗА ДВАПАТИ, средствата од приватни извори е поголемо во земјите со висок доход

Мултиралералната развојна банка (МДБ) објави дека нивното глобално финансирање на проекти за климатски цели достигнало рекордни 125 милијарди долари во 2023 година, соопшти Европската банка за обнова и развој. Финансирањето од разни извори вклучително и од ЕБРД е зголемено за двапати од износот што е обезбеден во 2019 година. Минатата година околу 74 милијарди долари […]

НАД 50 ОЛДТАЈМЕРИ НА РЕЛИ НИЗ ВИНСКАТА ТРАСА ВО МАКЕДОНИЈА, настанот е впишан во календарот на ФИВА како дел Бахус Класик релито 2025

Над 50 олдтајмери од Западна Европа и регионот следната година кон крајот на септември и почетокот на октомври ќе бидат дел од меѓународно рели од премиум ранг што ќе се вози низ државава. Учесниците ќе имаат можност да дегустираат македонски вина, да вкусат традиционална македонска храна, а притоа да посетат и неколку културно-историски знаменитости. Од […]

ОБЈАВЕНА ЛИСТА НА ДЕСЕТ НАЈЗДРАВИ ЗЕЛЕНЧУЦИ

Свежите продукти од овошје и зеленчук се сметаат за најздрава храна поради нивната висока нутритивна вредност. Неодaмаа е издадена и студија коja открива кои зеленчуци се најдобри, кога станува збор за хранливите материи. Центарот за контрола и превенција на болеститте (ЦДЦ) ги објави и службената листа на најздравите природни продукти. Во изработката на списокот се […]

СЛОВЕНИЈА ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ЖИТЕЛИ ОД БиХ ДО 2100 ГОДИНА, во Македонија на крајот на векот ќе има еден милион жители помалку, се проценките на ОН

Во светот денеска живеат 8,17 милијарди луѓе, а светската популација ќе го достигне својот максимум во 2084 година со 10,3 милијарди, а потоа ќе почне благо да се намалува. Ова се најновите прогнози на Обединетите нации во нејзината база “Word Population Prospects” во која се даваат процени за демографските движења на населението во светот. Стапката […]

МОН објави конкурси за стипендии за постдипломски и докторски студии

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во државата за академската 2024-2025 година. Месечниот износ на стипендијата за постдипломски студии е 9.000 денари за девет месеци во годината. За докторски студии ќе се исплаќаат 18.000 денари месечно, во текот на целата […]

УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ УСПЕА ВО НАМЕРАТА ЗА РОДОВ ПАРИТЕТ, новата Европска Комисија (2024-2029) првенствено ќе се фокусира на безбедноста и конкурентност, а не на заштита на климата

Урсула фон дер Лајен ги претстави своите кандидати за идната Европска Комисија. Иако има многу жени на високи позиции, таа не ја исполни својата цел за родов паритет. После недели шпекулации на социјалните медиуми и тајни преговори, во вторник претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го претстави нејзиниот тим на еврокомесари. Следниот чекор […]

ВИЕНСКИ ИНСТИТУТ: СРБИЈА ЗА 100 ГОДИНИ ЌЕ ДОСТИГНЕ ПРОСЕЧЕН СТАНДАРД НА ЕУ

Граѓаните на Србија за сто години можат да го достигнат стандардот на жителите не Европската Унија, доколку просечниот раст на бруто домашниот производ (БДП) биде на нивото од просекот од минатата деценија, изјави Бранимир Јовановиќ, експерт за Западен Балкан во Виенскиот институ за меѓународните економиски студии. Во Србија за последните десет години доходот на жителите […]

НИКОЛОСКИ СЕ НАДЕВА НА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ПРУГАТА СО БУГАРИЈА, „Се надевам дека ќе најдеме и заеднички јазик со цел да немаме пруга која што завршува во тунел кој не води никаде“ потенцирал министерот Александар Николоски

Капиталните инфраструктурни проекти што се реализираат во државава, а кои се од клучно значење за поврзување со земјите од Западен Балкан ги истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на министерскиот состанок на министрите за транспорт на Европската Унија. Состанокот на министри во Будимпешта е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното […]

КАВАДАРЦИ „ПОКРИЕНО“ СО 220 КАМЕРИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“, презентиран проектот во кој се вложени 13 милиони денари

Општина Кавадарци во изминатите пет години инвестираше во повеќе од 220 поставени камери, што првично имаа за цел да се заштити урбаната опрема од несовесни лица, изјави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, појасни на презентацијата „Safe sity“ во Кавадарци, проект почнат во 2019 година со општински средства и во него досега се вложени 13 милиони денари,. […]