ТРГОВСКИОТ СУФИЦИТ НА КИНА ПОСТОЈАНО РАСТЕ, трговскиот дисбаланс предизвикува загриженост во ЕУ

Растот на извозот на Кина во декември ги надмина очекувањата, со што го зголеми годишниот трговски суфицит на рекордно високо ниво, додека увозот порасна со најбрзо темпо за три месеци. Извозот се зголеми за 6,6% во американски долари минатиот месец во однос на претходната година, покажаа податоците од кинеската царина. Увозот се зголеми за 5,7% […]
Рекорден буџетски дефицит во САД за декември

Буџетскиот дефицит на федералната влада на САД во декември минатата година достигна рекордна сума од 145 милијарди долари, покажуваат најновите податоци на американското Министерство за финансии. Ова претставува зголемување од 67 отсто, односно 58 милијарди долари повеќе во споредба со истиот месец претходната година. Според извештајот, овој негативен тренд се должи на невообичаено високите трошоци […]
Потребна ера на „европски патриотизам“ за заштита на економските интереси, изјави германскиот министер за финансии

Германскиот министер за финансии Ларс Клингбаил денес изјави дека е потребна ера на „европски патриотизам“ за заштита на економските интереси. Клингбаил предложи компаниите што добиваат државна помош да имаат обврска да ги задржат своите работни места во Европа и на европските производи да им се даде приоритет во јавните набавки. Според Ларс Клингбаил, Европа мора […]
Презентација на Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030

Министерството за економија и труд со поддршка на Европската Унија денеска ќе ја презентира Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030 година. Стратегијата ги дефинира клучните насоки за подобрување на деловното опкружување, зголемување на конкурентноста и иновациите, унапредување на пристапот до финансии и поддршка на зелената и дигиталната транзиција, во согласност со европските политики […]
Јаневски: Македонија мора да одлучи дали сака да ја зачува винската традиција

Глобалната нестабилност, падот на потрошувачката и недостигот од државна стратегија сериозно ја загрозуваат иднината на лозарството во Македонија, предупредува Светозар Јаневски, сопственик и менаџер на ВВ „Тиквеш“, во интервју за печатеното издание на бизнис магазинот Економија и бизнис. Тој посочува дека во последните 15 години производството на грозје во земјава е намалено од над 400 […]
„Тиквеш“ на 140 години: Од балк вино до еден од европските лидери во премиум сегментот

Винарската визба „Тиквеш“ годинава одбележува 140 години од основањето, а денес е позиционирана како регионален лидер и една од најнаградуваните винарии во Европа, вели Светозар Јаневски во интервју за бизнис магазинот Економија и бизнис Според него, клучната пресвртница се случила по 2003 година, кога компанијата целосно го променила моделот на работа и се ориентирала кон […]
Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење на станови

Издадени се 304 одобренија за градење во ноември лани, што е за 16,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.400.888.000 денари, што е за 27,1 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. […]
МСП ДА БИДАТ ЛИДЕРИ НА ЕКОНОМСКИТЕ ПРОМЕНИ, петгодишна стратегија за поголема конкурентност на малите и средните претпријатија

Министерството за економија и труд денеска ја презентира петгодишната национална стратегија за развој на малите и средните претпријатија, која треба да овозможи поголема конкурентност и зголемување на извозниот потенцијал на овие претпријатија. Стратегијата, како што беше посочено на презентацијата, содржи мерки за поедноставување на регулативите, подобрување на пристапот до финансии и поддршка за зелена и […]
ВИСОК РАСТ НА ГЛОБАЛНАТА ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ВО 2025 ГОДИНА

Глобалната продажба на електрични возила во 2025 година се зголеми за 20 проценти на 20,7 милиони, според извештајот од лондонската агенција Benchmark Mineral Intelligence (BMI). Само во декември, 2,1 милиони електрични возила се продадени во сегментот на патнички и лесни комерцијални возила. Во Европа, пазарот на електрични возила забележа најголем раст меѓу големите региони, со […]
СЛУЧАЈ ФЕД: Кристин Лагард и водечки гувернери предупредија на опасноста од поткопување на независноста на централните банки

Единаесет гувернери на водечките централни банки во светот, предводени од шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, го поддржаа претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, во заедничка изјава, откако Министерството за правда на САД започна кривична истрага против него. Шефовите на водечките централни банки го поддржаа Пауел и предупредија на опасноста од поткопување […]