БЕРЛИН И ПАРИЗ ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ДНЕВEН БРЗ ВОЗ, патувањето меѓу двата главни града ќе трае осум часа
Берлин и Париз наскоро ќе бидат поврзани со нова дневна железничка линија. Патувањето ќе трае околу осум часа, а првиот воз ќе тргне во декември, објавиja од Германските железници (Дојче Бан). – За прв пат два големи града ќе бидат поврзани со дневен брз воз, изјавиja Дојче Бан. Директен ноќен воз сообраќа меѓу Берлин и […]
ХРВАТСКА ГО НАПУШТА ГЛОМАЗНИОТ СИСТЕМ НА НАПЛАТНИ ПУНКТОВИ ЗА ПАТАРИНИ, новиот систем за електронска наплата на патарини во Хрватска ќе биде воведен за две години
Хрватското јавно претпријатие за автопатишта ХАЦ потпиша договори со фирми од Словачка и Чешка за воведување на нов систем на наплата на патарини. Новиот систем ќе биде воведен најдоцна за 24 месеци, а патарината ќе може да се плаќа единствено со исчитување на регистерските ознаки на автомобилите. Системот ЕНЦ ќе биде задолжителен за возилата потешки […]
НАМАЛЕНА ВРЕДНОСТА НА АКЦИИТЕ НА ЛУКСУЗНИТЕ БРЕНДОВИ, американската берза со раст во понeделникот
Европските акции на компаниите за луксузни производи се намалија на вчерашното тргување поради лошите прогнози за потрошувачката, посебно меѓу кинеските купувачи. Германскиот Hugo Boss имаше најслабо тргување вчера до пладне од компаниите кои го сочинуваат индексот Stoxx 600, со пад од 4 отсто. – По врвот на потрошувачката по Ковид-19 во 2022 година, приходите на […]
Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување, средба Ангеловска-Бежоска − Салас
Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен, што во голема мера се должи на политиките и макропрудентните мерки коишто ги носи Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата којашто се одржа помеѓу гувернерката на Народната банка и Хесус Сарина Салас, член на Единствениот одбор за решавање банки, институција при […]
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА НЕ УСПЕА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА
Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје денеска до Македонска берза достави Известување за исходот за преземање на Стопанска банка АД Битола, во кое информира дека „не е постигнат прагот на успешноста“ со што пропадна и обидот за преземањето на битолската банка. Причина за неуспешност е тоа што не се изјаснија позитивно по однос на […]
УНГАРИЈА ЈА НАМАЛИ РЕФЕРЕНТНАТА КАМАТНА СТАПКА, во август инфлацијата е на најниско ниво во последните три години
Народната банка на Унгарија (МНБ) објави денеска дека одлучила да ја намали референтната каматна стапка за 25 базични поени на 6,5 отсто, а другите две главни каматни стапки ги намали на 7,5 и на 5,5 отсто. Годишната стапка на инфлација во Унгарија во август се намали на 3,4 отсто од јулската инфлација од 4,1 отсто. […]
„Заеднички ќе работиме на обврските од Преспанскиот договор“,- Муцунски по „конструктивната“ средба со Герапетритис
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денешната прва билатерална средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна. На средбата која се одржа во просториите на Мисијата на Грција во ОН во Њујорк, било отворено прашањето и за примена на Преспанскиот договор. -Сметам дека во духот на […]
Делови од Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и неколку скопски села утре без струја
Корисниците од населбите Топанско Поле, Чаир, Бутел, Визбегово и Индустриската зона – Визбегово утре од 6:00 до 7:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Утре од 8:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од населените места Кожле, Бадар, Катлановско Блаце, како и тунелот Катланово на автопатот Велес – Скопје, а […]
БУРЕК, ЃЕВРЕК ОБИЧЕН, БРАШНО, ЛЕБ, … СЕ НА ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ СО ПОНИСКА МАРЖА, оваа недела ќе почне примената на цените од „есенската кошничка“
Оваа недела се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи. Цените на 73 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница треба да бидат пониски до 31 октомври. Од Министерството за економија велат дека одлуката ќе почне да се применува веќе […]
НОВИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕМИЕР НАЈАВУВА ДАНОЦИ ЗА БОГАТИТЕ
Францускиот премиер Мишел Барние, по претставувањето на новата француска влада во саботата, изјави дека нема да ги зголеми даноците за мнозинството даночни обврзници, но најбогатите ќе мораат да помогнат во затворањето на дефицитот во буџетот. Најголемата задача на новиот француски премиер е да го проектира буџетот за 2025 година, во време кога Франција се бори […]