МУЛТИНАЦИОНАЛНИ КОМПАНИИ ГО ПОТПИШАА ПАКТОТ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
Повеќе од сто компании досега го потпишаа Пактот за вештачка интелигенција на ЕУ, со што доброволно се обврзуваат да ги почитуваат неговите одредби пред стартот на нивната законска примена, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу потписниците се мултинационални корпорации и европски мали и средни претпријатија од различни сектори, вклучително и ИТ, телекомуникациите, здравството, банкарството, автомобилската индустрија […]
ДПИ: ТРГОВЦИТЕ НЕ ЈА СФАТИЛЕ СЕРИОЗНО ОБВРСКАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА МАРЖИТЕ, денеска од ДПИ испратени се на терен повеќе од 40 инспекции со над 100 инспектори
Трговците на основните прехранбени производи кои треба да имаат ограничена профитна маржа и ги немаат поставено ознаките „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ од денеска ќе се соочат со казни, информираат од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Во теренските проверки што биле направени во текот на вчерашниот ден, откако стапи на сила владината одлука за ограничување на […]
ОПЕК ги зголеми прогнозите за побарувачката на нафта
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ги зголеми своите среднорочни и долгорочни прогнози за глобалната побарувачка на нафта, предвидувајќи дека мотори на нејзиниот раст ќе бидат Индија, Африка и Блискиот Исток. Во 2028 година, светската побарувачка на нафта треба да достигне 111 милиони барели дневно, објави ОПЕК во својата годишна прогноза, зголемувајќи ја минатогодишната […]
ГУВЕРНЕРОТ НА КАНАДА Е ЗАГРИЖЕН ОД ВЛИЈАНИЕТО НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА НА ЕКОНОМИЈА
Гувернерот на банката на Канада Тиф Маклем изрази загриженост поради потенцијалното влијание на вештачката интелегенција (ВИ) на пазарот на трудот. Гувернерот предупреди дека новата технологија може долгорочно да елиминира повеќе работни места од бројот што ги создава. Гувернерот на Канада нагласи дека разбирањето и обликувањето на влијанието на пазарот на труд ќе биде се повеќе […]
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ЗАТВОРА ПОСЛЕДНАТА ЕЛЕКТРАНА НА ЈАГЛЕН
На 30 септември годинава за затвора последната термоелектрана на јаглен во Велика Британија која го носи називот Ratcliffe-on-Soar. Оваа централа се наоѓа во централна Англија е со капацитет од 2.000 мегавати, која е во функција повеќе од 60 години. Со гаснењето на оваа термоелектрана, Велика Британија ќе биде прва земја во групата на најразвиени светски […]
(ГАЛЕРИЈА) „Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје Kорпоративната историја и традиција на едно место „Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов низ компаниската историја, втемелена врз многу труд, знаење, искуство и квалитет. Иницијалната колекција на Музејот вклучува опипливи сведоштва од скромните почетоци на компанијата, низ хронолошки, […]
Осигурителните компании обезбедуваат економска стабилност и сигурност во земјава
Кога се спомнува осигурување, најчесто се помислува на осигурување на домот, возилото или одредени предмети кои можат да се оштетат. Но, малкумина го земаат предвид осигурувањето како начин да се заштити сето она што вреди и ефектот кој овој механизам може да го има на стабилноста на индивидуалните финансии, компаниите и нивните индустрии, па дури […]
РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ГИ ЗГОЛЕМИ БЕРЗАНТСКИТЕ ИНДЕКСИ, акциите на рударските компании со највисок раст
Берзанските индекси на Волстрит на вчерашното тргување достигнаа нови рекорди, а највисок раст на акциите забележаа компаниите од рударскиот сектор, поради растот на цените на суровините, откако Кина воведе нови чекори за засилување на економијата. Индексот Dow Jones зајакна за 0.20 отсто, додека S&P 500 се зголеми за 0,25, Nasdaq порасна за 0.56 отсто. Кинеската […]
Народната банка насочена кон јакнење на отпорноста на финансиските институции
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка остварија средба со високи претставници на Светскиот совет на кредитните унии, на кредитните унии од ЕУ и САД, како и со претставници од Штедилницата ФУЛМ. На средбата беше истакната заложбата на Народната банка за јакнење на стабилноста на финансискиот сектор, како столб на макроекономската стабилност, […]
Освојувачот на сребрен медал на Шаховската Олимпијада, Тони Лазов, на прием кај Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД, Живко Мукаетов
ИМ Тони Лазов (24) веќе 15 години е дел од Шаховскиот клуб „Алкалоид“. Лазов ги мина сите младински категории и започна да освојува меѓународни шаховски титули, етаблирајќи се како најголема надеж за македонскиот шах. Минатата година тој ја освои својата прва велемајсторска норма, а оваа година стана државен првак на Македонија. Неговата кариера е извонреден […]