Преспанското Езеро од албанска страна порибено со подмладок на автохтон крап

Преспанско Езеро од албанска страна, кај Пустец, порибено е со над 620 илјади единки подмладок од автохтон крап, објави министерката за земјоделство и рурален развој Анила Денај. – Реализирана е уште една многу значајна активност со цел збогатување на езерото со крап кој се смета за природно богатство. Порибувањето кореспондира и со периодот на природен […]

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

Наменски дизајнираните маички со лајтмотив – индивидуалната енергија како експресија низ теоријата на бои – симболизираше пропусница за пикникот, преку која семејството алкалоидовци и пријателите до денес донираа околу 2 милиони денари. „Алкалоид“ АД Скопје ја продолжи хуманата мисија на 10-тиот по ред донаторски хепенинг по неколкугодишна пауза која се должеше на пандемиските ограничувања. Хуманитарниот […]

Љутков: Скопје ќе има Универзална сала

Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не може да гради објект што е локална установа. Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека против сите инволвирани ќе бидат поднесени кривични пријави „за сите криминали“ […]

Се одржа 52. сесија на Клубот на истражувачите

Во Народната банка се одржа 52. сесија на Клубот на истражувачите, платформа на Народната банка за презентација и разгледување научноистражувачки трудови и поддршка на научноистражувачката дејност во земјава. На оваа сесија учесниците имаа можност да ја проследат презентацијата на трудот: „Дали платите го одразуваат растот на продуктивноста? − Споредба меѓу европскиот исток и запад“, од […]

СИРОМАШТИЈАТА ВО АРГЕНТИНА ДОСТИГНА АЛАРМАТНО НИВО

Стапката на сиромаштија во Аргентина се зголеми од 42 на 53 отсто во текот на првите шест месеци на власта на претседателот Хавиер Милеи, соопшти националната статистичка агенција. Зголемената стапка на сиромашни е последица на примената на најинтензивната програма за штедење во историјата на земјата. Висината на полугодишната стапка на сиромаштија во 2024 година достигна […]

РАБОТНИЦИ НА ПРОПАДНАТИ ФИРМИ ГИ БАРААТ ПЛАТИТЕ СО КАМАТА!

Работниците на пропаднатите општествени фирми во Ниш денеска протестираа пред градското собрание и бараат исплатата на заостанитете плати, што им ги ветил градоначалникот, да биде со камата! Присутните работници искажале незадоволство што исплатата на заостанатите плати од градскиот буџет ќе биде без пресметана камата. Градоначалникот на Ниш Драгослав Павловиќ изјави дека 6.000 работници ќе ги […]

ЦЕНАТА НА НИВИТЕ ВО ХРВАТСКА ПОРАСНАЛА ЗА 791 ЕВРО ЗА ХЕКТАР

Просечната цена на купена ораница во Хрватска минатата година изнесуваше 4.491 евро по хектар, а тоа е за 791 евро повеќе од една година претходно, објави Државниот завод за статистика. Во 2023 година се зголемила просечната цена за пасиштата за 241 евро и цената е 3.153 евра за хектар. Цената за ливадите изнесува 2.625 евра […]

НА ШАХОВСКАТА ТАБЛА УСПЕАВ ДА ГИ ПОМЕСТАМ ГРАНИЦИТЕ НА „ВОЗМОЖНОТО“

Интернационален мајстор во шах, завршил Економски факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент. Хоби му е рекреативно возење велосипед, пинг-понг, читање книги. Невработен и се занимава исклучиво со шах, како играч, но и држи часови како тренер. Ова е личната карта на Тони Лазов, освојувачот на сребрен медал на втората табла на Шаховската Олимпијада во […]

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ДА СЕ СЛАВИ ИСТОРИЈАТА И КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ АМЕРИКАНЦИ, денес има околу 500.000 граѓани со македонско потекло кои живеат во САД

Копретседавачите со конгресната група за македонските Американци во Преставничкиот дом, претставија двопартиска резолуција со која се повикува септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство, јави Гласот на Америка на македонски јазик.. Резолуцијата поддржува да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци и нивниот придонес за САД. Лиса Меклејн, републиканка од Мичиген, […]

ФИЛМ: ПАДНАТИ ЛИСЈА

Во денешен Хелсинки, Анса и Холапа се две осамени души кои случајно се среќаваат во караоке бар и се обидуваат да изградат врска. Нивниот пат до среќата е поплочен со пречки, од изгубени телефонски броеви до погрешни адреси, алкохолизам и сиромаштија… и едно шармантно куче скитник.„Паднати лисја“ (Fallen Leaves [Kuolleet lehdet]) ја имаше својата светска […]