ЗАПЛЕНЕТИ ТЕХНИЧКА СТОКА, ЦИГАРИ, ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ, ЛЕКОВИТИ БИЛКИ И ДРУГО
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани трансформатори за светилки, цигари, електронски цигари, лековити билки, опрема за потстрижување, производи за нега на коса, лепенки и патенти за облека и фалсификати. Техничка стока и цигари – 144 трансформатори за светилки од 220 волти, откриени […]
ВЕЧЕРВА ОД ПОЛНОЌ ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА
Регулаторната комисија за енергетика одлучи за намалување на цените на горивата од вечерва на полноќ. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и ќе изнесува 77 денари. цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува исто за 1 денар и ќе се продава по цена од 79 денари. Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и […]
НА ПАЗАРОТ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ЧАСОВИ ЗА УЧЕНИЦИ ВО СРБИЈА СЕ „ВРТАТ“ НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА
Неформалниот пазар за одржување на приватни часови за учениците во основни и од средни училишта во Србија изнесува околу 110 милиони евра годишно или најмалку 30 отсто од вкупниот буџет за плати на наставниот кадар. Истражувањата кои биле спроведени во Европа покажуваат дека толерирањето на овој паралелен систем на образование во посткоминистичките земји е поради […]
УНГАРИЈА ВОВЕДУВА ВИСОКИ ДАНОЦИ ЗА КРАТКОРОЧНО ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАНОВИ ВО БУДИМПЕШТА
Унгарија планира драстично да го зголеми данокот за краткорочно изнајмување на становите во Будимпешта за да се избори со станбената криза во главниот град. Според нацрт законот, месечниот данок на краткорочно изнајмување ќе изнесува 150.000 форинти, односно околу 373 евра, што е големо зголемување во однос на досегашните 38.400 форинти. Унгарската влада нема да издава […]
САД СО ЗГОЛЕМЕН БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ ЗА 2024 ГОДИНА
Американскиот буџетски дефицит го надмина износот од 1,8 билиони долари во фискалната 2024 година, бидејќи каматите на јавниот долг за прв пат надмина од билион долари, дополнително со зголемени расходи за социјалните програми и за војската, објави министерството за финансии на САД. Во фискалната година која заврши на 30 септември, минусот во американскиот буџет е […]
ИЈЗ со препораки до граѓаните по појавата на птичји груп
Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт – течење на […]
Во здравството наскоро 1 500 вработувања и 300 идната година, најави Таравари
Министерот за здравство Арбен Таравари е оптимист дека наскоро ќе се најде решение за колективен договор, кој ќе го опфати целиот медицински персонал. Тој вечерва, во телевизиско гостување, најави 1 500 вработувања наскоро и 300 идната година. Оваа недела, рече Таравари, со премиерот и министерката за финансии ќе го разгледаат колективниот договор со кој би […]
РАСИПАН АПАРАТ ЗА ЛОТО МУ „ДОДЕЛИЛ“ НАГРАДА ОД 9,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Жител на американската сојузна држава Илиноис купил погрешен тикет за лотарија поради неисправен апарат, но тоа му донесе среќна добивка од 9,2 милиони долари. Среќниот добитник, кој сака да остане анонимен, раскажал дека по редовното пазарење на намирници одлучил да купи тикет за лотарија. – Апаратот не сакаше да ми даде ливче од играта која […]
МЕДОТ ПОСЛУЖЕН СО ЧАЈ Е СЕДУМ ПАТИ ПОСКАП ОД ТЕГЛА СО МЕД!
Чајот послужен со малите пакувања со мед во хрватските кафулиња се наплатуваат по повисоки цени, бидејќи угостителите почнале посебно да го наплатуваат и медот. Оваа нова ценовна политика на хрватските угостители предизвика реакции кај граѓаните, кои се незадоволни од високата цена на чајот што се служи со мед, објави Нова ТВ. Претседателот на Здружението на […]
АФРИКА СТАНУВА НОВ ПОТЕНЦИЈАЛЕН ПАЗАР ЗА ИНДУСТРИЈАТА ЗА УБАВИНА
Глобалната индустрија за убавина забележува силен раст и се очекува од 2024 до 2028 година да расте со девет отсто годишно. Минатата година оваа индустрија остварила 617,2 милијарди доалри, а проекциите се дека годинава ќе достигне 670,8 милијарди долари, покажуваат податоците на Еуромонитор Интернационал. – Онлајн продажбата на овие производи расте, но на најголемиот пазар […]