Премиите се ниски, а бенефитите големи! Животното осигурување е важен чекор кон сигурна иднина.
Во време на неизвесност и брзи промени, многумина се прашуваат како најдобро да ги заштитат своите семејства и најблиски. Животното осигурување станува сѐ позначајно бидејќи обезбедува не само финансиска поддршка во непредвидени ситуации, туку и чувство на сигурност за утрешниот ден. Додека се справуваме со секојдневните предизвици, важно е да размислуваме за долгорочната безбедност и […]
ФОРИНТАТА „ОСЛАБНА“ ВО ОДНОС НА ЕВРОТО, КАМАТНАТА СТАПКА ВО УНГАРИЈА НЕ СЕ МЕНУВА
Унгарија ќе ја задржи непроменета каматната стапка на 6,5 отсто, откако централната банка сигнализираше дека монетарното попуштање ќе се одложи по падот на вредноста на форинтата. Минатиот месец унгарската централна банка ја намали клучната стапка за четвртина поен на 6,5 отсто. Намалувањето на курсот на националната валута го принуди заменик гувернерот Барнабас Вираг да заземе […]
ГРЦИЈА ОСТАНУВА НАЈЗАДОЛЖЕНА ВО ЕУ
Јавниот долг на земјите во еврозоната на крајот на второто тромесечие од 2024 година се зголеми на 88,1 отсто од БДП, а во првиот квартал изнесуваше 87,8 отсто, објави денеска Евростат. Во Европската Унија јавниот долг во вториот квартал изнесува 81,5 отсто од БДП што е зголемување од 0,2 процентни поени во однос на претходниот […]
Процесот на европска интеграција е ѓаволски комплексен
Европската Унија е еден од најкомплексните системи во поновата историја, кој неподелено во глобални рамки се смета за најуспешниот мировен проект во пишаната историја на човештвото. Проект кој ја освои и Нобеловата награда за мир, воспостави систем на вредности и на механизми за владеење на правото за пример, безбедност на своите граници и сигурност за […]
Посета на претседателката Фон дер Лајен на Северна Македонија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре ќе започне четиридневна посета на Западен Балкан, каде ќе се сретне со лидерите на Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора. Ова ќе биде повод да се разговара за напредокот на нашите партнери од Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и […]
КОИ ЕВРОПСКИ ГРАЃАНИ ЕДВАЈ „ВРЗУВААТ“ КРАЈ СО КРАЈ ВО МЕСЕЦОТ
Граѓаните во Грција имаат најголеми проблеми со покривање на месечните трошоци во однос на другите жители од Европската Унија. Дури 90 отсто од Грците имаат проблеми со подмирување на основните животни потреби. По нив на врвот на листата се жителите на Бугарија со 78,2 отсто, на Романија со 68,1 отсто, Хрватска со 66,3 отсто и […]
ЛАНИ ТРЕТИНА ОД СТРУЈАТА Е ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО
Во 2023 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Македонија изнесувало 936 031 toe или 34.7 % од вкупно потребната енергија, објави Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија за 2023 година изнесувала 2 698 648 toe. Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2023 година се: сообраќајот со 44.1 %, домаќинствата со 25.8 % […]
Над 100 производи во грчките маркети со намалени цени од шест до 15 отсто
Макарони, паста за заби, шампони, зејтин, оцет, пелени се дел од продуктите на листата со вкупно 123 производи од конкретни произведувачи, чии цени во супермаркетите во Грција ќе бидат намалени од шест до 15 отсто во рамките на иницијативите на Министерството за развој за справување со инфлацијата на основните продукти, јави дописничката на МИА од […]
ТРГОВЦИТЕ ПОД ДВОМЕСЕЧЕН МОНИТОРИНГ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ
До Нова година ќе има мониторинг врз спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да го почитуваат, најави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Како што истакна Рисетски, сите економски мерки и овој закон се во интерес на граѓаните. – До Нова […]
ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА ВО АВГУСТ Е 41.097 ДЕНАРИ
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 41 097 денари. Августовската нето плата е повисока за 12,9 отсто во однос истиот месец лани. Реалната нето плата во август во однос на јули годинава е помала за за 0,2 отсто, а во однос на август минатата година е повисока за 10,5 отсто. […]