ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ СО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, предупреди Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд

Владите во земјите ширум светот треба повторно да изградат фискален капацитет, а централните банки треба да бидат внимателни за времето за намалување на каматните стапки, изјави Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд. – Краткорочно гледано, фокусот на фискалната страна е непосреден приоритет. Фискалните бафери се исцрпени, но затоа фискалните притисоци се високи, изјави таа […]

Европратеници лобираат за укинување на промената на сметање на времето

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Освен кај нас, зимското сметање на […]

Отворен Центар за услуги во општина Аеродром, на едно место ќе бидат достапни над 40 административни услуги

Нов Центар за услуги на граѓаните е отворен денеска во општина Аеродром во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот Дејан Митески и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Над 70.000 граѓани ќе можат да завршат преку 40 различни административни услуги. На едно место ќе бидат достапни услугите од Катастар, Централниот регистар, Фондот за здравство, Управата […]

Во Прилеп функционира советувалиште за зависници од коцкање

Во Прилеп функционира советувалиште за лица зависници од коцкање и обложување. Советувалиштето, кое функционира во рамки на Клубот на лекувани алкохоличари, го посетуваат дванаесетина лица, од кои седум редовно. Според клиничкиот психолог Јован Велески, кој работи со лицата во советувалиштето, станува збор за релативно млади луѓе, најмладото лице е 22-годишна девојка. Коцкањето има медицинска и […]

ЗА ВИКЕНДОТ СО СТУДЕНИ УТРА И ТЕМПЕРАТУРА ПОД НУЛА

Времето утрово ќе биде свежо, по одделни котлини и речни долини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност поголема во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 […]

АХВ ОД СКОПСКИОТ „БУВЉАК“ ОДЗЕДЕ ЧИПС, ЧОКОЛАДИ И КОНЗЕРВИ СО ИЗМИНАТ РОК

Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската населба Маџари. Запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други […]

ХРВАТСКАТА ВЛАДА ЌЕ ГО НАДОМЕСТИ ТРОШОКОТ НА ФИРМИТЕ ЗА РАСТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Владата на Хрватска одлучи да се зголеми износот на минималната бруто плата за следната година за 130 евра и таа ќе изнесува вкупно 970 евра. Зголемување ќе има на вредноста на работниот час за студентите на 6,06 евра, а најавени се компензациски мерки за работодавачите за зголемената минимална плата заради одржување на нивната економска активност […]

ССМ НЕ ОЧЕКУВА МНОГУ ОД ЗАКОНОТ ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ

Трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога мерката стапи во сила, да ги намалат. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка. ССМ не очекува многу и од Законот за нефер […]

Харис или Трамп: Кој ќе биде подобар за светската економија?

САД се дом на само 5 отсто од светското население и придонесуваат со само 15 проценти од глобалната додадена вредност. Но, нивната улога во обликувањето на светската економија е неспоредлива со ниедна друга земја. Затоа е многу важно каква економска политика ќе спроведува идниот станар на Белата куќа. Така е тоа секои четири години. Целиот […]

Николовски – Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг, се интензивираат активностите за електронска размена на податоци

Царинската управа и Централниот регистер ги интензивираат активностите потребни за надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската управа ќе им овозможи електронски пристап до базата на податоци за платени увозни давачки. Ова беше главната тема на денешниот состанок помеѓу директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова. […]