Во Велес двојно зголемен бројот на жени заболени од карцином на дојка

Велес го презема приматот на водечки град во земјава по број на заболени жени од карцином на дојка. На годишно ниво бројот на заболени пациентки се зголемил на илјада новозаболени, а кој пред пандемијата на корона бил 500 годишно. Се симнува и старосната граница на заболените. Таа сега паднала на 40-годишна возраст, иако најмладата велешанка […]

НЕИЗВЕСНОСТА ОД ИЗБОРИТЕ ВО САД ЈА ПОСКАПЕ НАФТАТА

Цената на нафтата на светските пазари минатата недела забележаа значителен раст, поради тензиите на Блискиот Исток и неизвесноста во пресрет на претседателските избори во САД. Цената на барелот на лондонската берза минатата недела се зголеми за повеќе од 4 отсто и достигна цена од 75.06 долари, додека барелот на американскиот пазар поскапе за 3,5 отсто […]

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2025 е развоен, со проекции за буџетски дефицит од 4% и раст на БДП од 3,7%

Буџетот за 2025 година ќе биде развоен, но нема да биде занемарена и социјалната компоненета. Капиталните расходи ќе бидат проектирани на ниво над 44 милијарди денари, а проекциите за буџетски дефицит и раст на БДП се поставени со Фискалната стратегија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ. – […]

Мицкоски: Не очекувам покачување на цената на струјата за домаќинствата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари. – Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да […]

БЕЗ ОДРЖЛИВА ДЕСТИНАЦИЈА НЕМА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ

Ана Таневска Ѓорѓиевска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора После неколкугодишната криза која започна во 2020 година, која имаше последици врз севкупната глобална економија и во која туристичкиот сектор претрпе шок од досега невидени размери, туризмот согласно нашите прогнози се обнови и натаму останува атрактивен и сериозен фактор во меѓународната трговија […]

Саемот ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 утре ги отвора вратите за посетителите

Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, во организација на Скопски Саем, утре (29.10.2024) во 10 часот ќе ги отвори вратите за посетителите во Арената „Борис Трајковски“ и ќе трае до 31 октомври. Саемот е отворен секој ден од 10.00 до 18.00 часот. Станува збор за саем кој ќе ги претстави сите […]

ВО НЕВАДА СЕ ОТВОРА ГОЛЕМ РУДНИК ЗА ЛИТИУМ

Во САД е одобрена изградбата на голем рудник на литиум во Невада, а воедно се проширени и даночните олеснувања на рударските компании, како дел од националната стратегија за намалување на кинеската доминација во синџирите за снабдување со критичните минерали. Дозволата за отворање на рудникот е издадена по шест годинишна проверка за исполнување на еколошките стандарди, […]

ВО ЦРНА ГОРА ИМА 70.000 НЕЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ

Во Црна Гора има 70.000 бесправно изградени објекти, од нив 17.000 се во Подгорица. Освен нелегалната изградба, проблем претставува и легалната и масовна изградба на објекти, што предизвикува и сообраќајни проблеми и недостиг на струја и вода во месеците на летната туристичка сезона. Будва и Котор се примери за прекумерната урбанизација во Црна Гора, а […]

ПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ИТНО КОПЧЕ ЗА ПОМОШ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ГАЗИ БАБА

Претставници од Црвениот крст на Град Скопје и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беа во посета на Ленче Џингова од Ченто која е корисник на услугата Итно копче која ја спроведува Црвениот крст на Град Скопје со цел помош на болни и изнемоштени лица над 65 години кои живеат сами, информираат од Општината. […]

ВО ХРВАТСКА МЛАДИТЕ НАЈДОЛГО ОСТАНУВААТ ВО РОДИТЕЛСКИОТ ДОМ, како е во другите земји во ЕУ

Во 2023 младите во Европската Унија во просек го напуштаат родителскиот дом со 26,3 години, а претходната година просекот беше 26,4 години, покажува анализата на Еуростат. Најдолго во родителскиот дом остануваат младите во Хрватска со просек од 31,8 години. Во Словачка младите заминуваат од родителскиот дом на 31 година, во Грција на 30,6 и во […]