ВО АКЦИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИИ ОДЗЕМЕНИ СЕ НАД 140 ИЛЈАДИ ФАЛСИФИКУВАНИ БАНКНОТИ

Повеќе од 14 милиони фалсификувани евра се одземени во акција на полицијата и царината од 18 земји, во која се вклучи и Европол. Во оваа акција против дистрибуцијата на фалсификувани пари и монети преку поштенските услуги ширум Европа беа вклучени институциите во: Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, […]

Царинска управа: запленет 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови

– Режан тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола при МВР. Режаниот тутун е одземен од албански државјанин со регулиран престој во Битола, во моментот кога требало да ги преземе кесите со тутун од возачот на автобус на превозна фирма од Битола. Лицето […]

ЕК ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување

Европската комисија на утрешното заседание на Колеџот на комесари треба да го усвои Пакетот на извештаи за 2024 година за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ. Како што информира денеска портпаролот на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер, Пакетот ќе вклучува извештаи за напредокот на 10-те земји опфатени со процесот на проширување, […]

Политички консензус за Националната развојна стратегија за конкурентна економија и демографска ревитализација

Одржлива, иновативна и конкурентна економија, одржлив локален и регионален развој што обезбедува кохезија, демографска ревитализација, социјален и културен развој, сигурно, безбедно и отпорно општество, зелена трансформација, владеење на правото и добро управување, се шесте клучни области на Националната развојна стратегија (НРС) за периодот 2024 – 2044 година што попладнево ја донесе Собранието со 70 гласови […]

Дел од Општина Аеродром утре без струја

Без струја утре од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од жителите од булеварот „Јане Сандански“, околу бензинската пумпа на „Окта Петрол“ во Општина Аеродром. Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН. фото freepic

ПОВИСОКИОТ ДАНОК ГО СПРЕЧИ ПАДОТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА И ГАСОТ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ВО ЕУ

Зголемувањето на данокот го спречува намалувањето на цената на гасот и ги зголемува трошоците за домаќинствата во Европската Унија. Во првата половина на 2024 година просечната цена на електрична енергија за домаќинствата во ЕУ изнесувала 28,9 евра за 100 киловат часови (kWh), што претставува благо зголемување во однос на 28,3 евра од втората половина на […]

МАКСТИЛ Е ВЕЌЕ ПОСВЕТЕН НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА „ЗЕЛЕН ЧЕЛИК“, вели Марија Дуковска Павловска, генералната директорка на компанијата

Инвестирањето и модернизацијата на производниот процес заради подобрување на продуктивноста и заштитата на работниците и на животната средина е првото прашање кое се поставува во Макстил, компанија која делува во „високоризичната“ индустрија. – Посветени сме на модернизирањето на производниот процес, кој е автоматизиран. Нашата дејност припаѓа во т.н. стара индустрија во која техничките промени не […]

Атлантис на Витаминка се облече во розово за охрабрување на жените во борбата против рак на дојка

Чоколадните морски школки Атлантис добија розово издание со што дел од продажбата ќе биде наменет за пациентките со рак на дојка. Со облекувањето на Атлантис во розово, Витаминка ги помага жените кои се соочуваат со болеста и воедно влијае на зголемување на јавната свест за можноста од превенирање на болеста. Вклучувањето во борбата против ракот […]

Димитриеска- Кочоска: Креиравме Буџет што треба да носи вистински развој на државата

Владата денеска на седница го усвои Предлог-буџетот за 2025 година, со кој, како што информира министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска, се поставуваат темелите за стабилизација на јавните финансии и економски раст. Вкупните приходи во Буџетот за 2025 се планирани на 358 милијарди денари, што е за 13 проценти повеќе од буџетот за 2024 година, […]

Нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и активирање на новата мобилна апликација ”Skopjebus”.

Од понеделник 28.10.2024 година стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака. Цената на билетот не се менува останува 40 денари со вклучен ДДВ. Начинот за новото плаќање е следен: – Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша “бип“ сигнал и говорна […]