ГЛОБАЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА 3,1 СТЕПЕН

Нов извештај на Обединетите нации открива дека светот ќе се загрее за двојно повеќе од целта од 1,5 степени Целзиусови утврдена со Парискиот договор, доколку земјите не успеат да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Глобалните температури ќе се зголемат за 3,1 степен Целзиусов над прединдустриските нивоа до 2100 година ако не се постават поамбициозни […]

Лекари во Словачка „колективно“ дадоа отказ поради лошите услови за работа

Повеќе од 2.700 болнички лекари масовно поднесоа оставки како дел од организираниот протест поради условите за работа, пренесе ДПА. Синдикатот на лекарите ЛОЗ соопшти дека ова претставува повеќе од половина од болничките лекари во земјата. Тие се подготвени да ги повлечат оставките само доколку Владата исполни голем број барања кои вклучуваат нова болничка опрема и […]

Потреба од „спроведување со добра волја“ на билатералните договори со соседните земји, се нагласува во Предлог-извештај на ЕК посветен на Македонија

Северна Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да го интензивира темпото на реформите поврзани со ЕУ, како и да ја исполни преземената обврска за комплетирање на уставните измени. Ова се едни од главните пораки содржани во Предлог-извештајот за напредокот на земјава на […]

ПРЕДАДЕНИ КОПИИТЕ ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК ЗА МАКЕДОНИЈА, за Мицкоски е „реална слика“, за Рокас е „важно е дека нема уназадување“

Државата нема да отстапи од реформите, а иако граѓаните се уморни од целиот процес и неоправдано сме во чекалната на ЕУ единствена стратешка цел за сите останува членството во Европската Унија, порача премиерот Христијан Мицкоски, откако попладево ги доби копиите од Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2024 од евроамбасадорот Михалис Рокас. На […]

БУГАРИЈА СО НАЈНИСКА БРУТО МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ЕУ

Најновите податоци на Европската конфедерација на синдикати покажуваат значителни разлики во висината на бруто минималната плата меѓу земјите од Европската Унија. На врвот на листата со највисоки бруто минимални плати се Луксембург (2.571 евра), Германија (2.151 eевра), Холандија (2.183 евра) и Ирска (2.146 евра). Во Франција има минимална плата од 1.767 евра, во Шпанија изнесува […]

ЕУ воведува царини до 35 отсто за електрични автомобили од Кина

Европската комисија со уредба воспостави дополнителни царини за електричните автомобили увезени од Кина, што ги смета за нелојална конкуренција. Покрај противењето на Германија, Брисел одлучи на данокот од 10 отсто кој веќе е во сила, да додаде до 35 отсто на возилата на батерии од кинеско производство, се вели во текстот на регулативата објавена од […]

МАКЕДОНИЈА, УНГАРИЈА, СРБИЈА И ГРЦИЈА ЌЕ ПОТПИШАТ ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА ЗА БРЗАТА ПРУГА БУДИМПЕШТА-СКОПЈЕ-АТИНА

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад – Суботица ќе биде пуштена во сообраќај на 24 ноември, а ден претходно Унгарија, Србија, Македонија и Грција ќе потпишат заеднички изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина (Патра) преку Скопје, јави дописникот на МИА од […]

ЕВРОЗОНАТА СО НАЈВИСОК КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ

Економијата на еврозоната во третото тромесечие во 2024 година пораснала за 0,4 отсто во однос на вториот квартал, што претставува највисока стапка на раст во последните две години, покажуваат прелиминарните процени објавени денеска од Евростат. На меѓугодишно ниво економијата на еврозоната пораснала за 0,9 отсто во однос на третиот квартал минатата година. Во Европската Унија […]

Економскиот факултет при УКИМ и ИСОС склучија Меморандум за деловно-техничка соработка

Искористување на научните, стручните и професионалните капацитети на двете институции, во функција на создавање високостручен кадар од областа на сметководството и останатите економски науки е главната цел што треба да се постигне со Меморандумот за деловно-техничка соработка помеѓу Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Институтот за сметководители и овластени сметководители […]

ПОРАСТ НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА

Инфлацијата во Германија во октомври се искачи на два отсто. Според прелиминарните податоци, најмногу поскапеле услугите за 4 отсто и храната за 2,3 отсто, соопшти германскиот завод за статистика. Енергијата во октомври повторно поевтини со меѓугодишна стапка од 5,5 отсто. Во октовмри во Германија се зголеми и базната инфлација на 2,3 отсто. Стапката на инфлација […]