Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии

Над 300 мали, средни и големи винарии, вечерва ќе се претстават на македонската вечер, во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во хотелот „Хајат“ во Белград. Покрај дегустација на вина, присутните ќе можат да вкусат македонски специјалитети, а вечерта ќе биде збогатена со македонските музичари Андријана Јаневска и Наум Петревски. – Претседателот на Владата […]

Дебата: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2,5 проценти

Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит често го надминува поставеното правило од 3 отсто, особено со ребалансот, што покажува слабости во планирањето. За добро планирање, неопходни се јасни податоци за трошоците и расходите од сите институции. […]

ХРВАТСКАТА ПРОСЕЧНА ПЛАТА СО РЕАЛЕН РАСТ ОД 12,6 ОТСТО

Просечната нето плата во септември во Хрватска изнесува 1.332 евра, што е зголемување за 0,2 отсто, а реално за 0,6 отсто, во споредба со август годинава, објави хрватскиот Државен завод за статистика. На годишно ниво, просечната нето плата номинално е повисока за 14,4 отсто, а реално за 12,6 отсто во однос на септември 2023 година. […]

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ги посети металуршките компании „Либерти АД Скопје“ и „Макстил АД Скопје“, сместени во индустрискиот комплекс Железара. Посетата имаше за цел да се продлабочи соработката со овој стратешки сектор и да се нагласи ангажманот на Комората како клучен партнер во поддршката на компаниите во нивните напори за […]

Агенцијата за поддршка на претприемништво го додели признанието за најдобар ментор за 2023 година

Добитник на наградата за најуспешен ментор за 2023 година е Неби Јусуфи од Регионалниот центар Тетово, кој се истакна со својата експертиза, посветеност и позитивно влијание врз корисниците и со својата работа постигна значајни резултати Во рамките на Европската недела на претприемништво, Агенцијата за поддршка на претприемништвото успешно го реализираше настанот Mentor Awards 2023, кој […]

ЦРНА ГОРА ЗА ПРВ ПАТ СО НАМАЛЕН ТУРИСТИЧКИ ПРОМЕТ

Туристичката сезона во првите три квартали годинава во Црна Гора забележа пад на приходите, а ова е за прв пад со намален промет од осамостојувањето на земјата, со исклучок на пандемиската 2020 година, објави Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора. – Туристичката сезона, наместо да биде фактор на економскиот раст, забележа пад од речиси 4 […]

ЕВРОТО ПАДНА НА ДВОГОДИШЕН МИНИМУМ ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ

Вредноста на еврото денеска го достигна двогодишниот минимум во однос на доларот откако најновите податоци покажале дека деловната активност во еврозоната во ноември се намалила. Според податоците на берзата, европската валута во еден момент од тргувањето се продаваше за 1.0399 долари, што е најмала вредност од декември 2022 година, пренесува CNBC. Агенцијата S&P глобал објави […]

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Со фокус на доверливоста и разновидноста, Galaxy A06 е добредојден додаток на паметните телефони од популарната серија Galaxy A Samsung Electronics го најави лансирањето на Galaxy A06, паметен телефон кој комбинира врвни функции со сигурни перформанси по достапна цена. Galaxy A06 нуди голем екран, разновидна камера и издржлива батерија, со безбедносни функции Knox Vault, а […]

Ерупција на вулкан во Исланд

Вулкан во близина на главниот град на Исланд доцна синоќа еруптираше по десетти пат во последните три години, исфрлајќи големи количества лава и чад, соопшти државната метеоролошка служба. Додека магмата се акумулирала под земја, властите предупредија на неизбежна вулканска активност на полуостровот Рејкјанес, околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик, каде што последната ерупција […]

Утре студен бран со дожд, снег и ветер

Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. […]