ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА
Во последните 18 месеци Европа е зафатена од значителен пораст на цените на основните животни намирници. Главна причина за растот на цените во маркетите се инфлацијата, проблемите со глобалните синџири за снабдување, сушите и војната во Украина. ФАО индексот на цените на храна во септември изнесуваше 124,4 поени, што е за три отсто повеќе во […]
ЕСС ВО ДЕКЕМВРИ ЌЕ РАЗГОВАРА ЗА ПОВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА
Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата. Министерот Дурмиши денеска изјави дека во Буџетот се предвидени пари за оваа намена, но дека треба да се разговара со сите засегнати страни колкаво би било зголемувањето. […]
КОНФЕРЕНЦИЈА НА МОТ: Недостигот на работна сила во Македонија може да се надмине со социјален дијалог и системски решенија
Справувањето со недостигот на работна сила – сѐ позначаен предизвик во Северна Македонија – вклучува мерки кои ќе го помогнат вработувањето на невработените лица и ќе ги подобрат условите за работа и продуктивноста. Препораките за справување со овој предизвик се дел од студијата изготвена од Меѓународната организација на трудот (МОТ). Студијата која содржи длабинска анализа […]
ХРВАТСКАТА ЕКОНОМИЈА СО РАСТ 15 КВАРТАЛИ ПО РЕД
Хрватската економија во третото тромесечие годинава забележа раст од 3.9 отсто на годишно ниво, благодарение на растот на потрошувачката и инвестициите. Државниот завод за статистика објави дека хрватската економија расте 15 квартали по ред, а во третиот квартал има забрзување на растот во однос на вториот квартал кога имаше 3,5 отсто раст. Потрошувачката на домаќинствата […]
НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ГЛАВНИ НОСИТЕЛИ НА НЕЗАВИСНОСТА НА ЕУ ЗА РЕТКИ МИНЕРАЛИ
Нордиските земји со своите огромни резерви на ретки минерали стануваат главни столбови на економската независност на Европа. Шведска, Норвешка и Финска на својата територија имаат богати резерви на минерали кои се барани на светските пазари. Финска направила најголем скок во развојот на рударскиот сектор, а оваа земја е пред реализација на нови капацитети за експлоатацијата […]
СЛОВАЧКА ПЛАНИРА ИЗГРАДБА НА НОВА НУКЛЕАРНА ЕЛЕКТРАНА
Владата на Словачка планира да распише тендер за изградба на нова нуклеарна електрана за да ја задоволи растечката потрошувачка на електрична енергија. Во соопштението на словачкото министерство за економија се наведува дека новата нуклеарна електрана ќе има инсталирана сила од 1,7 илјади мегавати (MW), пренесува „Мина“. Изградбата на новата нуклеарка може да почне во 2032 […]
ФЕД СМЕТА ДЕКА ПОСТОЈАТ УСЛОВИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ
Официјалните претставници на Федералните резерви (ФЕД) искажале очекувања за натамошно намалување на каматните стапки, по намалувањето на инфлацијата и знаците за зајакнување на пазарот на работа во САД. Според објавените информации од записникот од ноемврискиот состанок на Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМЦ), мнозинството на експерти од американската централна банка се согласува дека инфлацијата е […]
Димитриеска-Кочоска: Даночното затајување е предизвик на сите земји
Даночното затајување е предизвик присутен во сите земји, како во неразвиените, така и во развиените, затоа соработката помеѓу земјите и размената на информации е клучна во борбата со овој феномен, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај. – Даночното […]
Признание „Блаже Конески“ за јапонскиот славист Мотоки Номачи
Меѓународно признание „Блаже Конески” на Македонската академија на науките и уметностите денеска му беше доделено на јапонскиот славист и македонист Мотоки Номачи, во рамки на одбележувањето на Денот на МАНУ. Во отсуство на лауреатот, високото признание со медал го прими претставник на Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија, а за придонесот на Номачи во афирмирањето […]
ПАРИЖАНИТЕ ГО НАПУШТААТ ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ!
Од централниот дел на Париз во последните години се забележува значителен пад на бројот на жителите, а процените се дека годишно околу 10.000 луѓе го напуштаат овој дел од градот. Градските власти се обидуваат да го намалат негативниот тренд. Во потесното градско подрачје во Париз има околу 2,1 милион жители, што е помалку за 140.000 […]