ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР започна серијал на едукативни работилници за градење вештини за жени претприемачи
ПроКредит Банка, во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), го започна серијалот на работилници за градење вештини за жени претприемачи со темата „Ефикасно одредување цени и прилагодување на цените на производите и услугите“. Настанот, кој се одржа во просториите на банката, беше организиран како дел од програмата „Жени во бизнис“, која има […]
Како Халкбанк, кампања по кампања, го руши стереотипот за банките, перцепцијата за финансиските институции и начинот на кој ја информира јавноста
Кога станува збор за финансиските брендови, постојат вечни предизвици за тоа на кој начин да се оствари комуникација што ќе може да ја разгори имагинацијата и да создаде некое емоционално влијание кај јавноста, а сепак да остане доволно втемелена и веродостојна за публиката. На нашиот пазар, како еден од успешните примери за тоа како умешно, […]
Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете
Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете, потврди за МИА в. д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов. Децата се на возраст од 10 до 16 години […]
Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности
Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија? Дали стекнатите сознанија и искуства за здравствена заштита базирана на вредности можат да се применат во државата? На овие прашања на конференцијата „Улогата на здравствената заштита базирана на вредности и тестирањата на биомаркери во модерната […]
Успешно засадена СОНЧЕВА ГОРА 2024
Трета година по ред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми посветуваат по едно дрво за секои 10 килограми собран отпад за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Денеска се пошумени последните 3.500 садници од вкупните 51 хектари (црн бор, бел бор и Аризона Чемпрес), засадени од страна на Национални шуми. Ова пошумување е […]
НУБ „Св. Климент Охридски“ го одбележа патронатот и 80 години од основањето
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје денеска го одбележа патронатот кој годинава е во знакот на одбележувањето 80 години од формирањето на оваа институција, основана во ноември 1944. Денот на св.Климент Охридски – 8 Декември од 2007 година во земјава е и државен празник. Свети Климент (840-916) – просветител, учител, заштитник на македонскиот народ, […]
Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција
Каратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, го освои првото место во категоријата над 84 килограми на светската младинска карате лига во Венеција. Членот на скопскиот клуб на турнирот во Италија освои златен медал натпреварувајќи се во највозрасната (У21) категорија на постари јуниори. Со 4,000 спортисти од 81 земја, овој собир беше најмасовен глобален натпревар за млади […]
ТОКИО ЌЕ ГО ЗГОЛЕМУВА НАТАЛИТЕТОТ СО ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА!
Локалната власт во Токио воведува четиридневна работна недела за владините службеници за да им помогне на вработените мајки и да ја зголеми рекордно ниската стапка на наталитет. Новата мерка која ќе се применува од април следната година ќе им овозможи на вработените три слободни денови во неделата. Со друга мерка се овозможува на родителите на […]
ДЕЦАТА ВО БРИТАНИЈА СЕ ДЕБЕЛЕАТ, ЗАБРАНА ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА БРЗА ХРАНА
Велика Британија го забранува телевизиското рекламирање на брза храна која е богата со шеќер преку ден кога програмата ја следат и децата. Оваа забрана е донесена поради ширењето на дебелеењето кај најмладата популација, кое е предизвикано од нездравата исхрана, пренесува „Бизнис и финансии“. Според податоците на државниот здравствен систем (НХС), секое дете на четири години […]
Британија се соочува со „четирикратна епидемија“ на грип
Во Велика Британија бројот на хоспитализирани пациенти поради грип е зголемен за повеќе од 350 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека Националната здравствена служба (НХС) се соочува со „четирикратна епидемија“, јави денеска Скај њуз. – Веќе некое време имаше предупредувања за „тројна епидемија“ на Ковид, грип и РСВ (респираторен синцицијален вирус) оваа […]