„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Пласманот на Стефан Стојановиќ на првата позиција на Светската младинска лига во Венеција е јубилеј за карате клубот „Макпетрол“. За скопската екипа ова е успех од особено значење затоа што е 50 одличје освоено на најсилните натпреварувања организирани од Светската карате федерација (WKF). Овие медали се од највисоко рангирани натпревари: светски златни лиги, светски премиер […]

Убавиот збор: ХАЈЛЕНДЕР

Еднаш кога сфати дека смртта нема да дојде по него, тој сосема се опушти. Проблемите на луѓето сега му изгледаа безначајни. Ја смени перспективата од која дотогаш го гледаше светот и како да се крена во воздух. Од сѐ поголема далечина ги набљудуваше настаните и појавите. Му стана потполно јасно дека перспективата е многу важна, […]

Врачување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година. Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска ќе ја добие нарадата во областа на воспитанието и образованието, а во областа на културата и уметноста годинава се наградени писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази. Државната награда […]

ТУРИСТИТЕ ДАВАЛЕ ОЦЕНИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ПАТИШТАТА, КАДЕ СЕ НАОЃА МАКЕДОНИЈА!

Според анкетата на возачите-туристи, Нов Зеланд е на прво место со најдобар квалитет на патиштата со оцена 8,71 од 10. Популарната страница Дискавер карс спроведе ново истражување за квалитетот на патиштата во дел од земјите во светот. Во оваа анкета учествувале 11.003 возачи, кои биле на годишни одмори во посочените земји, а кои одговарале на […]

Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег

Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево од 12. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка 16 литри на метар квадратен. Четиринаесет литри на метар квадратен се измерени во Виница, 11 Пожар и Попова Шапка, 10 Пожаране, девет во Маврови Анови, Тетово, Берово и Крушево,… […]

ФРАНЦИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОД ОПСАДА ОД БУРАТА ДАРА КОЈА НОСИ ДОЖДОВИ, СИЛЕН ВЕТАР И СНЕГ НАД ЕДЕН МЕТАР

Во Франција е објавено портокалово предупредување поради бурата Дара и опасност од силен ветер, снег и мраз, а поради најавените временски услови, церемонијата на свеченото отворање на реновираната париска катедрала Нотр Дам ќе се одржи во внатрешноста на објектот. Француската метеоролошка служба денеска предвидува силни налети на ветер во главниот град, а попладне врнежи од […]

ГЕРМАНСКАТА МЕТАЛСКА ИНДУСТРИЈА ВЛЕГУВА ВО КРИЗА

Металската индустрија во Германија во третиот квартал годинава примила помалку нарачки за 9,4 отсто во однос на вториот квартал и за 9,7 отсто помалку споредено со минатата година, соопшти националниот завод за статистика. Главната причина за падот во металската индустрија се цените на енергентите по 2022 година со руско-украинската војна. Металскиот сектор во Германија во […]

На лицата над 60 години треба да им се даде можност да бидат активни, Колумбиа за зголемување на пензионирањето на 67 години

Прашањето за старосната граница за заминување во пензија треба сеопфатно да се разгледа. На лицата над 60 години дефинитивно треба да им се даде можност да бидат активни и да работат, но доколку се здрави и доколку така одлучат, а не задолжително, вели постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, во врска со […]

ВО СВЕТОТ САМО ДЕСЕТ ОТСТО ОД ПЛАСТИКАТА СЕ РЕЦИКЛИРА!

Од 1950 година глобалното производство на пластика изнесува над осум милијарди тони, а од тоа помалку од 10 отсто се рециклира. Ова придонесува милиони тони пластика да завршат во светските океани и мориња, што преставува сериозна закана за животната средина и животните, предупредуваат извештаите од Обединетите нации. Пластиката се произведува од фосилните горива и тие […]

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Денес, 36 американски волонтери на Мировниот корпус во Северна Македонија положија свечена заклетва. Овие Американци и се приклучија на групата од повеќе од 900 американски граѓани кои служеле како волонтери во нашата земја од 1996 година па натаму. Волонтерите во Мировниот корпус имаат работено во речиси сите општини во Северна Македонија соработувајќи со наставници, ученици, […]