ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ДА БИДЕ ПАРТНЕР НА СЕКОЈ ГРАЃАНИН, годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација
Не смееме да дозволиме градоначалниците да станат локални владетели, ниту пак статисти во процесите, туку фактори за развој и решавање на проблемите. Ова го истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација во организација на Министерството за локална самоуправа, насловена „Кон одржлива локална самоуправа: предизвици, можности и стратегија […]
Годината 2024 може да стане најтоплата во историјата
Според податоците од програмата на ЕУ „Коперник“ за мониторинг на климатските промени, ноември годинава беше втор најтопол ноември на глобално ниво откако се прават мерења, а 2024 година веројатно ќе биде првата година кога температурата ќе ја надмине границата на затоплување од 1.5 степени Целзиусови, пренесе ДПА. Просечната глобална температура на површината во ноември 2024 […]
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде се измерени – 4 степени Целзиусови, по што следуваат со -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови и Крушево, 1 Тетово, Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп и Берово, 3 Охрид и Дебар, 4 Претор, Штип, Виница, Куманово, Велес и Кавадарци, 5 Демир Капија и Струмица и 6 […]
На Артан Груби и на судијата Енвер Беџети им е забранет влез во САД
На Артан Груби, поранешен заменик претседател на Владата и на членовите на неговото потесно семејство, како и на Енвер Беџети, судија во Апелацискиот суд им е забранет влез во САД. Стејт Департментот објави дека тоа е направено заради нивна вклученост во значајна корупција преку прифаќање мито за подривање на судски процеси поврзани со криминално обвинение […]
ЕЦБ ПРЕД НОВО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ
Европската централна банка (ЕЦБ) во четврток ќе го одржи завршниот состанок за 2024 година и се очекува да донесе одлука за ново намалување на каматните стапки за годинава. Очекувањата на инвеститорите се дека ЕЦБ ќе ја намали својата клучна каматна стапка на депозитите за четвртина процентен поен, односно на три отсто. Новото намалување на каматите […]
ВИСОК РАСТ НА ГЛОБАЛНАТА ТРГОВИЈАТА СО УСЛУГИ, ПАД ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА
Глобалната трговија може да достигне највисоко ниво од 33.000 милијарди долари во 2024 година, што е за 1.000 милијарди долари повеќе од претходната година, се вели во извештајот на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој – УНКТАД. Овој годишен раст од 3,3 отсто главно беше поттикнат од зголемување на трговијата со услуги за […]
ВО ЈАПОНИЈА РАСТЕ БРОЈОТ НА БАНКРОТИРАНИ ФИРМИ
Бројот за пријави за банкротирање на фирми во Јапонија годинава ќе надминат 10.000 и ќе достигне највисоко ниво од 2013 година, покажуваат податоците за приватниот сектор изработени од ТСР, во пресрет на состанокот на централната банка. Во ноември годинава 841 јапонска компанија прогласила банкрот. За првите месеци годинава нивниот број се искачи на 9.164 , […]
ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА Е ЗАКАНА ЗА ПРИХОДИТЕ ВО МУЗИЧКАТА ИНДУСТРИЈА
Вештачката интелегенција може значително да ги загрози приходите на вработените во музичката индустрија, покажала глобалната студија која ја нарача Меѓународната конфедерација на здруженијата на автори и композитори (ЦИСАЦ). Во следните четири години вработените во музичката дејност поради генеративната вештачка интелегенција ќе изгубат една четвртина од приходите. Со пад на приходите ќе се соочат и вработените […]
ВО ХРВАТСКА 40 ОТСТО ОД СТАНБЕНИТЕ ЕДИНИЦИ СЕ ПРАЗНИ!
Во Хрватска има околу 2,3 милиони станбени единици, од кои 40 отсто не се користат како станови за живеење. Вкупно 958.000 станбени единици, кои се изградени за домување, денеска не се во таа функција, што ја намалува понудата на пазарот, а побарувачката за станови се зголемува, посочува Бранко Бачиќ, потпретседател на владата и министер за […]
ВО ТУРЦИЈА ЦИРКУЛИРА ГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ФАЛСИФИКУВАНИ ДОЛАРИ?
Во Турција циркулира голема количина на фалсификувани банкноти од американскиот долар, а медиумите во оваа земја пишуваат за сума од 600 милиони лажни долари. Трговците во Турција споменуваат дека фалсификуваните долари се со добра изработка и потешко се препознаваат. – Лажните банкноти се печатат на вистинска хартија за изработка на долари. Вакви случаи последен пат […]